15 април 2025
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска објави дека 234 високи членови на организирани криминални групи биле приведени во меѓународна операција за дрога.
Околу 225 од осомничените биле уапсени во Туркије, додека останатите девет биле уапсени во странство.
„Запленивме имот во вредност од приближно 13 милијарди лири, вклучувајќи 681недвижен имот, 127 возила, акции во 113 компании и банкарски сметки на осомничените, како што беше идентификувано од МАСАК (Одбор за истрага за финансиски криминал)“, рече Јерликаја.