Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон денес разговарале по телефон за нуклеарната програма на Иран и војната во Украина, соопшти Елисејската палата.
Во првиот разговор од 2022 година и почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина, Макрон го повика својот руски колега да го прекине огнот „што е можно поскоро“ и истакна дека ќе „продолжи да разговара со него“, се додава во соопштението, пренесува Фигаро.
„Ова е првиот телефонски разговор меѓу Владимир Путин и Емануел Макрон од 2022 година и инвазијата на Кремљ во Украина. Макрон повика на воспоставување прекин на огнот што е можно поскоро и почеток на преговори меѓу Украина и Русија за цврсто и трајно решение на конфликтот“, се наведува во соопштението.
Се забележува дека Макрон ја посочил непоколебливата поддршка на Франција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Рускиот лидер нагласил дека украинскиот конфликт „е директна последица на политиките на западните земји“.
Според него, западните земји „со години ги игнорираат безбедносните интереси на Русија, создавајќи антируска база во Украина и толерирајќи го кршењето на правата на жителите што зборуваат руски јазик“.
Путин го предупредил Макрон дека мировниот договор во Украина мора да биде „долгорочен“.
Повеќето западни лидери ги прекинаа врските со рускиот претседател од почетокот на нападот врз Украина.