РЕГИОН
3 мин читање
Муртезани: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да има крај
Муртезани кажа дека е застапник на идејата дека мора да се градат заеднички позиции како соседи и да се почитуваат Копенхашките критериуми, каде што првиот услов се токму добрососедските односи.
Муртезани: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да има крај
Муртезани: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да има крај / TRT Balkan
30 јули 2025

Процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ треба да има крај рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Бирн, одговарајќи на прашањето до кога македонската Влада ќе чека одговор од Бугарија во однос на заедничка резолуција за македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент и ставот на Софија и изгласаните декларации во бугарското Собрание.

Муртезани кажа дека е застапник на идејата дека мора да се градат заеднички позиции како соседи и да се почитуваат Копенхашките критериуми, каде што првиот услов се токму добрососедските односи.

„Јас сум застапник на идејата дека резолуциите или внатрешните политички прилики не треба да се градат против соседите или против некого. Ние мора да градиме заеднички позиции како соседи, бидејќи цело време се повикуваме на Копенхашките критериуми, првиот услов согласно Копенхашките критериуми се добрососедските односи, и за нас и за Бугарија. Ова што ние го правиме последните неколку месеца, сите посети на министрите за европски прашања, министрите за надворешни работи, е да апелираме на сите тие наши грижи, не да спремаме терен за ре преговарање на тоа што е преговарано. Меѓутоа, на некој начин да најдеме начин, како што и министерот Бирн спомна, нашиот процес да има крај“, рече Муртезани.

„Навистина го ценам фактот дека патот на Северна Македонија кон ЕУ е мачен. Тука бев пред три години по францускиот предлог и договор и сметаме дека тоа треба да се спроведе, така ќе се отвори преговарачкиот процес. Не можам да давам никакви гаранции во животот, освен тоа дека ќе работам секојдневно за да го олеснам вашето пристапување врз основа на заслуги во ЕУ. Така ќе прават и сите други земји членки на ЕУ. И ние цврсто веруваме дека договорот којшто беше направен пред три години кога ќе биде имплементиран од ваша, од македонска страна, со тоа ќе се отвори преговарачкиот процес. Нема друг изговор според мене, така ќе се отворат преговорите мора да се отворат преговорите. Македонскиот јазик е признаен од ЕУ, договорот Фронтекс е составен на македонски јазик. Албанија ќе се приклучи кон ЕУ, така што македонскиот и албанскиот јазик ќе го имаат истиот статус како францускиот и германскиот, исто како мојот ирски, галски јазик можам да зборувам во ЕУ на тој јазик. И кога вие ќе бидете членови на ЕУ немам сомнеж дека ќе можете да зборувате македонски или албански или англиски или француски“, рече Бирн.

Тој истакна дека на таа маса сите го имаат истиот статус, сите можат да зборуваат на мајчин јазик, да ја изразат сопствената култура.

„Тоа е ветувањето на ЕУ, на земјите како нас им дава можност за подобро да се изразат, да ја изразат својата култура, својот јазик и ние како Ирска и како претседателство ќе работиме кон тоа, договорите да се спроведуваат и да се почитуваат и да се добијат придобивките од нив“, рече Бирн.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us