РЕГИОН
2 мин читање
Азир Алиу е нов министер за здравство, Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство
Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки, редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, а беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година
Азир Алиу е нов министер за здравство, Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство
Двајцата министри беа избрани на 54. седница на Собранието со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан / Others
9 јуни 2025

Азир Алиу е нов министер за здравство, а Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, откако на денешната 54. седница ги избраа пратениците во Собранието со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан.

На 12 мај, лидерот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари соопшти дека партијата оди во опозиција, а со тоа и престана неговата функција како министер за здравство. По заминувањето на Алијансата за Албанците на Таравари од Коалицијата „Вреди“, сопартијците на Таравари, како што се Арбен Фетаи и Азир Алиу, останаа дел од Коалицијата „Вреди“.

„Д-р Алиу е доктор по информатички науки, професор, човек кој со години се занимава со управување со системи, податоци и дигитални решенија. Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние сè уште трчаме од шалтер на шалтер. Време е тоа да се промени. И токму затоа веруваме дека неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем. Во овој процес, д-р Алиу ќе има силна поддршка од мене како претседател на Владата. Но, и силна лична одговорност. Очекувањата од него се големи, а времето не ни е сојузник“, рече премиерот Христијан Мицкоски при претставувањето на новите имиња за министри.

Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој и редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024, во владата на СДСМ и ДУИ.

Во биографијата на Хоџа е наведено тека тој е новинар со повеќегодишно работно искуство, а своето образование го стекнал на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

При претставувањето на предлогот за Хоџа, Мицкоски рече дека е млад, но сериозен човек кој знае како изгледа теренот.

„Земјоделството не е само економска гранка – тоа е начин на живот. Тоа се семејства, села, иднина. Тоа се нашите полиња, нашата храна, нашата безбедност. И за жал, и оваа област беше запоставена со години. Верувам дека тој ќе даде силна енергија и ќе биде силна потпора на министерот и ќе придонесе кон тоа земјоделството конечно да добие системска рамка и визија за иднината“, рече премиерот.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us