СВЕТ
1 мин читање
Девет лица загинаа, а 153 се повредени во рускиот напад врз Днепар
Украинската агенција наведува дека според најновите податоци, 11 лица загинале во рускиот напад со балистички ракети врз регионот Днепропетровск: девет во Днепар и две во Самара
Девет лица загинаа, а 153 се повредени во рускиот напад врз Днепар
Mеѓу повредените во Днепар се и 18 деца, меѓу кои и шестмесечно бебе, а 12 лица кои се хоспитализирани се во тешка состојба / Reuters
24 јуни 2025

Во рускиот ракетен напад врз Днепар, девет лица загинаа, а околу 153 се повредени, меѓу кои и осумнаесет деца, објави началникот на Днепарската регионална воена администрација (ОВА) Сергеј Лисак.

Тој додаде дека 12 лица се хоспитализирани во тешка состојба.

Лисак претходно истакна дека бројот на жртви сè уште се утврдува, а бројот на погодени од овој напад постојано расте.

„Сепак, можеше да има многу повеќе. Многу од оние што беа во погодената област беа во засолништето во времето на ударот. Тоаа спаси десетици животи“, нагласи началникот на ОВА.

Градоначалникот на Днепар, Борис Филатов, објави дека во регионалниот центар се оштетени 19 училишта, 10 градинки, едно стручно училиште и едно музичко училиште.

„Исто така, беа оштетени и институциите за социјална заштита, како и 8 медицински установи: болница, амбуланти и стоматолошка ординација“, рече тој.

Филатов истакна дека последиците од уништувањето во станбениот сектор се утврдуваат.

Украинската агенција наведува дека според најновите податоци, 11 лица загинале во рускиот напад со балистички ракети врз регионот Днепропетровск: девет во Днепар и две во Самара.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us