РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски: Заедно може да изградиме просперитетен, инклузивен и горд европски регион
„Нашиот регион е витален дел од Европа и интегрален дел од нејзината иднина. Западен Балкан е регион богат со потенцијал и амбиција“
Мицкоски: Заедно може да изградиме просперитетен, инклузивен и горд европски регион
Мицкоски: Заедно може да изградиме просперитетен, инклузивен и горд европски регион / AA
пред 20 часа

Денес сите заедно сме решени да одиме кон посилна, поотпорна и поинтегрирана Европска Унија (ЕУ), порача претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на отворањето на Самитот на лидери на Западен Балкан и ЕУ во Скопје.

На самитот, чиј домаќин е премиерот Мицкоски, присуствуваат комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, лидерите од Западен Балкан, министри, високи претставници на ЕУ и регионални и меѓународни организации.

„Нашиот регион е витален дел од Европа и интегрален дел од нејзината иднина. Западен Балкан е регион богат со потенцијал и амбиција“, рече Мицкоски на отворањето.

Тој додаде дека денешниот самит е посветен на заедничката визија во која Западен Балкан повеќе не е чекалница, туку регион што се развива.

„Ова визија нѐ води како Влада кон реформи и соработка, презедовме значајни чекори напред, од забрзување на протокот на граничните премини, приклучување на платежниот систем СЕПА... посветени сме на усогласување со европските стандарди, напори што се израз на нашата подготвеност за подлабока интеграција“, посочи Мицкоси.

Додаде дека заедничката сила лежи во единството и стабилноста:

„Преку блиските врски со нашите соседи и ЕУ, ние отклучуваме нови пазари, нови работни места и нови пријателства, ги отстрануваме бариерите во трговијата и ги подобруваме инвестициите.“

Премиерот истакна дека „нашиот брз пристап кон Планот за раст на ЕУ ја рефлектира довербата што ни е дадена.“

Посочи дека кредибилитетот на Планот за раст и на поширокиот европски проект почива на одржување на ветувањето и на давањето резултати.

„За да се осигурат стабилноста и еднаквоста треба да соработуваме како партнери, соседи и како регион во целина“, истакна Мицкоски повикувајќи на заедничка работа кон претворањето на Планот за раст во реалност.

„Заедно може да изградиме посилен и подобро поврзан регион што е просперитетен, инклузивен и горд европски“, порача тој.

На самитот, посветен на Планот за раст, што е можност за евалуација на постигнатиот напредок и наредните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот, покрај Мицкоски и Кос, присуствуваат и албанскиот премиер Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо, српскиот министер за европски интеграции Немања Старовиќ и вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us