Микророботи наскоро ќе ги отстрануваат инфекциите на синусите без лекови
Овие микророботи, помали од дебелината на човечко влакно, можат да бидат водени од магнети и светлина и работат со разградување на тврдокорни бактериски наслаги и производство на супстанции што ги убиваат бактериите
Микророботи наскоро ќе ги отстрануваат инфекциите на синусите без лекови
Во рок од 5 до 10 години, микророботите би можеле да се користат и за лекување на инфекции во мочниот меур, цревата и други тешко достапни места / Others
5 јули 2025

Научници во Кина и Хонг Конг велат дека создале минијатурни роботи кои можат да помогнат во чистењето на сериозни бактериски инфекции длабоко во синусите, без потреба од операција или лекови.

Објавена во списанието Саенс Роботикс (Science Robotics), студијата објаснува како овие микророботи, помали од дебелината на човечко влакно, можат да бидат водени од магнети и светлина. Тие работат со разградување на тврдокорни бактериски наслаги и производство на супстанции што ги убиваат бактериите.

Инфекцијата на синусите, позната и како синузитис или риносинузитис, е воспаление на просторите исполнети со воздух во коските околу носот и очите.

Кога ткивата во овој простор ќе отечат или ќе се инфицираат, тие можат да предизвикаат симптоми како што се затнат нос или течење од носот, болка или притисок во лицето, главоболки, а понекогаш и намалено чувство за мирис или вкус.

Во тестовите врз животни, истражувачите ги инјектирале овие микро-роботи преку носот во синусната празнина. Откако ќе се најдат внатре, роботите биле водени до местото на инфекцијата и активирани за да произведат термички и хемиски реакции што би ги уништиле бактериите. 

Роботите биле во можност безбедно да ги отстранат инфекциите кај зајаците, а мртвите бактерии биле природно елиминирани.

Научниците од Кинескиот универзитет во Хонг Конг и универзитетите во Гуангкси, Шенжен, Џангсу, Јангжу и Макао очекуваат дека новиот пристап би можел да ја намали потребата од антибиотици и други вообичаени третмани.

Тие веруваат дека во рок од 5 до 10 години, микророботите би можеле да се користат и за лекување на инфекции во мочниот меур, цревата и други тешко достапни места.

Научниците од целиот свет работат на уште понапредни верзии кои би можеле да патуваат низ крвотокот, нудејќи нови начини за борба против инфекциите и попрецизно доставување лекови.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us