Извори од Министерството за надворешни работи на Туркије информираа дека обезбедиле секаков вид конзуларна поддршка за турските државјани на бродот „Мадлин“, кој носеше хуманитарна помош за Газа, а беше задржан од Израел.
Според информациите добиени од извори од турското МНР, турските државјани на бродот задржан од израелските сили синоќа се симнале на брегот.
Службеници од Амбасадата на Туркије во Тел Авив ова утро се сретнале со лицата што биле на бродот.
Семејствата на овие лица исто така се информирани за целиот процес.
Бродот тргна кон Газа од Италија, на 1 јуни, како дел од мисијата организирана од невладината коалиција „Флотила на слободата“ за пробивање на блокадата во Газа и доставување помош во регионот.
Активистите на бродот „Мадлин“ најавија дека ќе продолжат со својот мирен став и нема да се спротивстават доколку израелската армија интервенира.
Израелската армија интервенираше на бродот „Мадлин“, кој имаше цел да ја пробие блокадата врз Газа.