РЕГИОН
2 мин читање
Ангелов: Има индиции дека е подметнат пожарот кај Блаце
Пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно намачкани и полиени со бензин и фрлени во смреки, некој утрово се обидуваше да го реактивира пожарот во Блаце кој е под контрола, директорот на ДЗС, Ангелов
Ангелов: Има индиции дека е подметнат пожарот кај Блаце
Ангелов демантираше дека вчера некои манастири или цркви биле во опасност од пожарот, како и дека не е точна веста дека изгореле куќи во Чучер Сандево / TRT Balkan
8 јули 2025

Постојат индиции дека пожарот кој што во неделата изби покрај магистралниот пат Скопје-Блаце да е подметнат, изјави денеска директорот на Дирецијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Според него, на местотот биле пронајдени дрвени палети.

Првиот човек на ДЗС истакна дека на местото на избувнувањето на пожарот, видел како линијата на оган е многу широка како пожар кој би се појавил од фрлен отпушок од цигара.

„Пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно намачкани и полиени со бензин и фрлени во смреки. Некој утрово се обидуваше да го реактивира пожарот во Блаце кој е под контрола“, рече Ангелов во видео-обраќање.

Тој апелираше секој кој ќе види невообичаено однесување од други лица, кои носат или во рацете држат палети, веднаш да бидат пријавени на бројот 112.

Директорот на ДЗС демантираше дека во текот на вчерашниот ден, некои манастири или цркви биле во опасност од пожарот.

Исто така, информира Ангелов, не е точна веста дека изгореле куќи во Чучер Сандево.

Според Центарот за управување со кризи, утрово до 7 часот активни биле седум пожари во: Општина Прилеп, кај село Бешиште има приземен пожар во мешана шума, во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево и Слатин каде гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка под Солунска глава, меѓу изворите на Бабуна и Бабина дупка има само чад на карпест терен, Општина Чучер Сандево помеѓу селата Блаце и Чучер каде гори мешана шума и ниска вегетација, во Општина Шуто Оризари кај Њу Стар Хотел гори депонија, во Општина Дојран кај село Николич гори нискостеблеста шума и во Општина Крива Паланка кај село Жидилово гори борова шума.

До 7 часот биле изгаснати 23 пожари, еден е локализиран, и уште еден е под контрола, велат од ЦУК.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us