ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Ердоган и Стармер разговараа за набавка на авионите „Еурофајтер“
Туркије планира да набави 40 борбени авиони „Еурофајтер“, кои се заеднички производ на Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија, а сите земји производители освен Германија дадоа поддршка за договорот
Ердоган и Стармер разговараа за набавка на авионите „Еурофајтер“
Ердоган изрази оптимизам дека преговорите за ажурирање на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји би можеле да завршат до крајот на годинава / Reuters
22 јули 2025

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и британскиот премиер Кир Стармер во вторникот разговараа по телефон за напредокот во набавката на борбените авиони „Еурофајтер“.

„За време на разговорите биле разгледани билатералните односи меѓу Туркије и Велика Британија, како и регионалните и глобалните прашања, а особено беше анализиран напредокот постигнат во врска со набавката на авионите „Еурофајтер“, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Туркије на социјалната мрежа X.

Тие додадоа дека споменатиот развој на случувањата би можел позитивно да придонесе за соработката меѓу двете земји.

Туркије, која е втора најголема воена сила во рамките на НАТО, планира да набави 40 борбени авиони „Еурофајтер“, кои се заеднички производ на Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија.

Иако Велика Британија е подготвена да ја спроведе продажбата, а сите земји производители освен Германија дадоа поддршка, договорот беше во застој со месеци. Но германскиот канцелар Фридрих Мерц минатата недела наговести за напредок кон можна продажба на авиони „Еурофајтер“ на членката на НАТО, Туркије.

За време на разговорите, претседателот Ердоган изразил оптимизам дека преговорите за ажурирање на Договорот за слободна трговија меѓу Туркије и Обединетото Кралство би можеле успешно да се завршат до крајот на оваа година.

Ердоган, исто така, нагласил дека хуманитарната ситуација во Газа е исклучително тешка, велејќи дека хуманитарната помош мора итно да се достави без одложување.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us