7 јули 2025
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека на самитот во Бразил, земјите од БРИКС зазеле единствен став за неприфатливоста на израелските и американските напади врз Иран.
„Имаше едногласно мислење за неприфатливоста на израелските и американските напади врз иранска територија, кои беа извршени со кршење на меѓународното право, кршење на Повелбата на Обединетите нации, кршење на договорот за заштитни мерки преку Меѓународната агенција за атомска енергија“, рече Лавров, пренесуваат руските медиуми.
Тој исто така рече дека сите земји од БРИКС повикаа на прекин на агресивните дејствија на Израел не само кон Иран, туку и кон Појасот Газа.