РЕГИОН
2 мин читање
Во Скопје свечено доделени сертификати за летната школа организирана со поддршка на ТИКА
За нас е голема чест да го поддржиме развојот на младите умови, да ја зголемиме нивната самодоверба и чувството за одговорност, изјави координаторката на ТИКА во Скопјe, Февзије Шејма Бабајигит
Во Скопје свечено доделени сертификати за летната школа организирана со поддршка на ТИКА
131 ученик на возраст од 7 до 14 години ги добија своите сертификати од летната школа што се одржа помеѓу 23 јуни и 11 јули / AA
14 јули 2025

Во Скопје се одржа завршна церемонија и доделување сертификати на летната школа организирана за ученици од основно образование со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Претставници на турски и локални институции и организации во земјата, како и ученици, учествуваа на церемонијата на доделување сертификати за летната школа организирана од здруженијата „Ќопру“ и „Енсар“ со седиште во главниот град на Северна Македонија.

Координаторката на ТИКА во Скопјe, Февзије Шејма Бабајигит, во својот говор рече дека оваа програма за обука, која им е дадена на 131 ученик на возраст од 7 до 14 години, не само што обезбедила знаење, туку и општествена одговорност и култура на меѓусебно споделување.

Бабајигит рече дека ТИКА е свесна дека секоја поддршка и инвестиција во образованието придонесува за иднината на една земја, додавајќи: „Овој проект за летна школа беше обликуван со ова сфаќање. За нас е голема чест да го поддржиме развојот на младите умови, да ја зголемиме нивната самодоверба и чувството за одговорност.“

Хусрев Емин, претседател на Здружението „Ќопру“, го изрази своето задоволство што се стигна до последната фаза од овогодинешниот проект, кој го започнаа пред 18 години во партнерство со здружението „Енсар“ за пренесување на националните и духовни вредности: „Се надевам дека летната школа, која ја гледаме како важен фактор во идентитетот на нашите деца, како во однос на личниот развој, така и во однос на религиозната и цивилизациската историја, ќе им биде од корист.“

Говорејќи во име на Здружението „Енсар“, Билал Ибиш, потсети дека часовите ги воделе 12 наставници, и истакна: „Кога ја разгледуваме содржината на овие часови, гледаме дека нашите наставници се обиделе да им пренесат на нашите ученици разни теми како што се Куранот, молитвата, моралот, биографијата на (божјиот) Пратеникот, однесувањето и литературата“.

По говорите, 131 ученик ги добија своите сертификати од летната школа што се одржа помеѓу 23 јуни и 11 јули.

Извор: АА


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us