Цукерберг формира елитен тим за вештачка интелигенција во трка за „суперинтелигенција“
Според извештајот на Блумберг објавен вчера, Цукерберг, незадоволен од досегашниот напредок на Мета во областа на вештачката интелигенција, започнал интензивна и дискретна регрутација на водечки истражувачи во оваа област
Цукерберг формира елитен тим за вештачка интелигенција во трка за „суперинтелигенција“
Цукерберг сака да создаде напреден тип ВИ што ги надминува човечките способности / Reuters
11 јуни 2025

Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, формира врвен тим од експерти за вештачка интелигенција со цел развој на т.н. „суперинтелигенција“- напреден тип вештачка интелигенција што ги надминува човечките способности.

Според извештајот на Блумберг објавен вчера, Цукерберг, незадоволен од досегашниот напредок на Мета во областа на вештачката интелигенција, започнал интензивна и дискретна регрутација на водечки истражувачи во оваа област.

Тој веќе поканил некои од нив во своите домови во Лејк Тахо и Пало Алто, како дел од пошироките напори за развој на општа вештачка интелигенција (АГИ)- концепт според кој машините може да извршуваат задачи со човечки нивоа на интелигенција во различни области.

Според извештајот, Цукерберг го приоритизира регрутирањето на таен тим за „суперинтелигенција“, со кој Мета има цел да ги надмине технолошките соперници.

Цукерберг лично ќе ангажира околу 50 експерти за тимот, вклучително и директор за истражување на вештачката интелигенција, а веќе направил реорганизација на просториите во седиштето на Мета во Менло Парк за новиот тим да му биде во близина.

Исто така, тој го формира новиот тим додека планира инвестиција од повеќе милијарди долари во Скејл АИ (Scale AI), компанија специјализирана за услуги за податоци и приспособени апликации за вештачка интелигенција.

Се очекува основачот на Скејл АИ, Александр Ванг, да се вклучи во новоформираниот тим по завршувањето на договорот, што ќе биде најголема надворешна инвестиција на Мета досега.

Неодамна Мета претстави и самостојна апликација за вештачка интелигенција базирана врз нејзиниот модел Лама 4, промовирајќи ја како поевтина алтернатива на конкуренцијата, како ЧетГПТ, ДипСик и Џемини и покрај почетните предизвици.

Иако Мета има интегрирано алатки за вештачка интелигенција на Фејсбук, Ватсап, очилата Реј-бан и чет-ботовите, таа продолжува да заостанува зад ЧетГПТ на ОпенАИ во конкурентскиот пејзаж на вештачката интелигенција.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us