logo
macedonian
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
04:05
04:05
Култура
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
Во студентските денови македонскиот поет Панде Манојлов ја создава врската со Палестина преку дружбите со неговите соученици. Така ќе стане еден од најистакнатите странци кои некогаш напишале поетски стихови за Палестина и нејзините страдања
18 мај 2025

Просторот на поранешна Југославија некогаш бил дом на стотици палестински студенти кои тука престојувале во знак на солидарност и соработка. Во таа ера се склучени многу пријателства, доживотни врски, па дури и мешани бракови.

Тоа е показател дека народи кои се одалечени илјадници километри може да ја споделат заедничката болка и стремежот за подобро утре. Токму во студентските денови македонскиот поет Панде Манојлов ја создава врската со Палестина преку дружбите со неговите соученици. 

Така ќе стане еден од најистакнатите странци кои некогаш напишале поетски стихови за Палестина и нејзините страдања. 

Јас сум Христијан Станоевиќ, а вие ја слушате новата епизода на БалканКаст, поткастот на ТРТ Балкан на македонски. 

Палестина ја носам во својата душа

„Палестинците и Арапите ми се многу мили, затоа што студирав на правни науки во Загреб, таму имаше многу Арапи, големи пријатели, некои имиња ги изумив, но велам поголеми луѓе не сум сретнал. Си живеевме како браќа.  Јас потекнувам од сиромашно семејство, и кога ќе ја споите сиромаштијата со слободата, во еден букет од цвеќе на мирот, целиот свет ти станува многу поблизок“. 

Овие беа зборовите на поетот Панде Манојлов кој се потсети на неговата младост и дружбата со Палестинците во студентските денови. 

Првата песна за Палестина ја објавил во 1982 година за дневниот весник „Нова Македонија“. Истата во 2006 година радиото „Монте Карло“ во програмата на арапски јазик ја прогласи за најубавата песна напишана за Палестина од еден странец. 

„Кога Палестина крвари,

мојот јазик повеќе не е мој.

Станува крик.

На арапски.“

 „Ако мојот глас некогаш умре,

нека биде погребан во Ерусалим.“

„Палестина ја носам во својата душа. Во последно време не можам да бидам мирен гледајќи го и слушајќи го она што се случува во Палестина, не можам да преминам фактот да убијат човек со знамето на Палестина во рака кој е без две нозе, или да уапсат да затворат една млада девојка од 16 години и да ја стават во затвор затоа што го носи палестинското знаме и затоа што се бори за сопствената Палестина, и не можам да заборавам на маса геноцидни случаи кога го малтретираат палестинскиот народ“, рече поетот Панде Манојлов. 

„Цвеќе на слободата“, „Бог нека суди“, „Болка“, „Не гибајте го Ерусалим“, „Старата Мајка од Палестина“, „Затворениците од Палестина“... се само дел од насловите во кои мотивот е Палестина и палестинскиот народ.

Братот од Балканот

Иако никогаш не ја посетил Палестина, неговите зборови се врежале таму, а палестинската борба ја гледал како универзална болка — што ја чувствувал длабоко низ неговото творење.

Ел-Аки или братот како што го нарекуваа арапските студенти кои неговите песни ги споделуваа како летоци на отпор, и ги претворија во неофицијални химни на палестинскиот народ. 

Манојлов работел како новинар, истражувач и публицист и има објавено 29 поетски и прозни дела. Меѓу нив се и збирките песни посветени на Палестина. 

Почина на 7 ноември 2020 година. Палестина го одликуваше со највисокото признание во 2017 година за поетското творештво.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 30.07.2025
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
За Јован, Андреј и другите херои
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us