logo
macedonian
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
02:59
02:59
Регион
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Дали новиот договор за стратешко партнерство со Велика Британија од 6 милијарди евра може комплетно да ја смени сликата како од инфраструктурен така и од геополитички аспект. Слушнете ја новата епизода на БалканКаст

Македонските граѓани некогаш имале можност да патуваат на рутата Ориент Експрес, од Париз до Истанбул, за денес најдалеку што може да стигнат е Гевгелија на јужната граница.

Додека во Европа железницата прерасна во главна сообраќајна артерија која е силна конкуренција на авионскиот превоз, македонските железници беа систематски запоставени изминатите три децении.

Но, дали новиот договор за стратешко партнерство со Велика Британија со финансиска рамка од 6 милијарди евра може комплетно да ја смени сликата како од инфраструктурен така и од геополитички аспект.

Јас сум Христијан Станоевиќ, а вие ја слушате новата епизода на БалканКаст поткастот на ТРТ Балкан на македонски.

Конкуренција на Новиот пат на свилата

Проектот „Вардарска долина“ отсекогаш бил замислен како еден од клучните коридори за поедноставен, побрз и поекономичен транспорт на производи и патници, од грчките пристаништа до европските дестинации. Но, овој проект исто така го следат и многу контроверзии, бидејќи тука се поклопуваат интересите на геополитичките игри и големите сили. 

Новата македонска влада вети дека коридорот 10 на железничкиот дел ќе го гради во партнерство со европски држави, со што стави крај на сите шпекулации дека проектот ќе биде финансиран од кинески средства. 

По склучениот договор за стратешко партнерство со Велика Британија земјата се зацврсти во западната орбита. Договорот предвидува и кредитна финансиска рамка од 6 милијарди евра, а две од нив ќе бидат искористени токму за иградбата на значајниот железнички коридор од јужната до северната граница. 

Брзата пруга потоа ќе се поврзе со Белград и Будимпешта, а оттаму до останатите европски метрополи. 

„Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако сето тоа ќе биде завршено граѓаните ќе патуваат и ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час, просек. А карго возовите, мислам дека еден таков поминува сега, тие ќе можат, наместо сегашните, во одредени делници од 10 до 15 километри на час, да возат 110 километри на час во просек. Што значи најмалку четири пати повеќе од сегашниот просек“, истакна премиерот Христијан Мицкоски. 

Економската исплатливост на земениот кредит ќе се оправда со очекуваниот годишен приход на Македонски железници помеѓу 100 и 120 милиони евра. 

Но, што е уште поважно ќе се избегне ситуацијата на македонско слепо црево на Балканот, бидејќи сите соседни земји значајно инвестираат во инфраструктурата и постоеше опасност земјава целосно да биде заобиколена, како од економските текови, така и од геополитичките интереси. 

Тоа беше се за оваа епизода на БалканКаст, останете информирани и следете ги останатите содржини на ТРТ Балкан. 

Слушни повеќе
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us