Трамп ќе испраќа Патриот ракети во Украина, а Европската Унија го најави првиот пакет царини за САД
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме понеделник, 14 јули
Трамп: САД ќе испратат ракетни системи „Патриот“ во Украина
Соединетите Американски Држави (САД) ќе испратат во Украина системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, изразувајќи го своето незадоволство од рускиот претседател Владимир Путин.
Галичник ја негува вековната свадбена традиција
Традиционалната Галичка свадба се одржа и оваа година во планинското село Галичник, негувајќи вековна традиција. Оваа година се венчаа Јован Филипоски и Љиљана Михајлоска. Под покровителство на македонската претседателка настанот траеше три дена.
Уште еден новинар загина во израелските напади во Газа
Уште еден палестински новинар е убиен вчера во израелски воздушен напад врз населбата Ал-Зејтун во југоисточниот дел на градот Газа. Во нападот загинало уште едно лице. Од почетокот на војната се убиени над 230 новинари во Газа.
Челзи е прв светски клупски шампион во новиот формат на ФИФА
Челзи го победи Пари Сен Жермен (ПСЖ) со 3-0 во финалето на Светското клупско првенство според новиот форма на ФИФА и стана шампион, додека американскиот претседател Доналд Трамп гледаше од трибините, а потоа ги додели медалите на победниците.
И за крај на денешниот блиц...
Тајани најави пакет царини од ЕУ за САД тежок над 20 милијарди евра
Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, најави листа на царини од ЕУ во вредност од 21 милијарда евра како одговор на неодамна објавените царини од САД, доколку не се постигне трговски договор.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com