logo
macedonian
Дневни блиц вести 14.08.2025
02:17
02:17
Политика
Дневни блиц вести 14.08.2025
Трамп се закани со последици за Русија ако Путин не ја прекине војната во Украина, а мајките на израелските заробеници побараа крај на војната во Газа Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме четврток 14 август
14 август 2025

Трамп: Ако Путин не се согласи на примирје ќе има многу сериозни последици

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се закани на рускиот колега Владимир Путин со „многу сериозни последици“ ако не се согласи да стави крај на војната во Украина за време на нивниот претстоен состанок на Алјаска.

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да го менувам Уставот за нов мандат

Александар Вучиќ изјави дека е невозможно повторно да се кандидира за претседател на Србија и дека не би размислувал за промена на Уставот за повторно да оди на избори. За распишување на следните избори нагласи дека за тоа ќе одлучат институциите на Србија. Инаку ноќта во повеќе српски градови имаше жестоки судири меѓу демонстрантите и провладините поддржувачи. 

2,5 милиони луѓе го напуштиле Западен Балкан за една деценија 

За една деценија над 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан во потрага по подобар живот, покажуваат податоците на Светската банка. Евростат, пак, предупредува дека до 2050 година населението на Западниот Балкан може да се намали за повеќе од 15 отсто

Лазарини: Повеќе од 40.000 деца убиени или ранети од израелските напади во Газа

„Најмалку 100 деца починале од неухранетост и глад“, изјави генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини. Тој рече дека тие случаи може да се додадат на листата од повеќе од 40.000 деца убиени или ранети од израелските напади во последните две години.

И за крај на денешниот блиц…

Мајките на израелските заробеници протестираа во близина на Газа за нивно враќање

Коалицијата „Мајки на фронтот“ се собра на протест во населеното место Нахал Оз, во близина на границата со Газа. Тие побараа враќање на израелските заробеници и прекин на војната, а со светилки преку Морзеов код ги испишаа имињата на 50 заробени лица.

Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.08.2025
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us