logo
macedonian
Дневни блиц вести 10.06.2025
01:35
01:35
Политика
Дневни блиц вести 10.06.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме вторник, 10 јуни

Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, а Израел ќе ги депортира активистите од бродот Мадлин

Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме вторник, 10 јуни

Азир Алиу е избран за нов министер за здравство

Азир Алиу е избран за нов министер за здравство, откако од владината коалиција се повлече крилото на Арбен Таравари. За изборот на  Алиу во Здравство и Хоџа во земјоделство гласаа ЗА 65 пратеници. 

Израел ќе ги депортира волонтерите од хуманитарниот брод Мадлин

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека активистите од хуманитарниот брод „Мадлин“ што се движеше кон Газа, а беше пресретнат од израелските сили ќе бидат депортирани од аеродромот „Бен Гурион“.

Бизнисмени од Струмица осомничени за криминал од 94 милиони евра

Полицијата поднесе кривични пријави против тројца струмички бизнисмени, како и дваесет нивни сограѓани- управители и сметководители во нивните фирми и инспектори во Управата за јавни приходи, осомничени за криминал тежок 94 милиони евра.

Протести во Франција за поддршка на уапсените активисти од бродот Мадлин

Во Франција избија широко распространети протести во знак на поддршка за уапсените активисти од бродот „Мадлин“ кој носеше хуманитарна помош за Газа од страна на израелските сили.

И за крај на денешниот блиц...

Продолжуваат протестите во Њујорк против акциите за депортација

Во Њујорк продолжуваат протестите во знак на поддршка на нерегуларните имигранти приведени од Службата за имиграција и царина. На моменти настануваа тензии меѓу демонстрантите и безбедносните сили, а неколкумина се приведени.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Кои држави имаат нуклеарно оружје?
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us