logo
macedonian
Дневни блиц вести 20.08.2025
01:50
01:50
Политика
Дневни блиц вести 20.08.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан македонски, денес сме среда 20 август
пред ден

САД тврди дека Русија веќе направила отстапки на самитот на Алјаска, а во Газа убиен уште еден новинар

Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме среда 20 август

Виткоф: Русите веднаш направија отстапки на самитот Трамп-Путин

Руските претставници направија отстапки „речиси веднаш“ за време на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, изјави специјалниот американски пратеник Стив Виткоф.

Љутков: Отворањето на Универзална сала до крајот на 2027

Изградбата на Универзална сала во Скопје ќе се одива во една фаза, за тоа се обезбедени 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Истражување: Ретка генетска мутација може да е клуч за силен имунитет

Ретка генетска мутација би можела да овозможи речиси универзален имунитет на вируси, покажува ново истражување. Лицата со ваква мутација покажуваат блага и постојана воспалителна реакција, но при контакт со вируси како грип и сипаници имаат само лесни симптоми

Швајцарија е подготвена да биде домаќин на самитот Русија-Украина

Швајцарија е „повеќе од подготвена“ да биде домаќин на мировен самит меѓу Русија и Украина и ќе му даде „имунитет“ на рускиот претседател Владимир Путин доколку присуствува, изјави министерот за надворешни работи Игнацио Касис.

И за крај на денешниот блиц...

Уште еден новинар убиен од израелската армија во Газа

Уште еден палестински новинар е убиен од израелската армија во Газа, со што бројот на убиени палестински новинари од октомври 2023 година се искачи на 239, соопштија локалните. Ислам ал-Куми, новинар кој соработуваше со неколку медиумски загина во напад над неговиот дом.

Тоа беше се за денешните блиц вести, дознајте повеќе на ТРТ Балкан на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Блиц вести 19.08.2025
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us