logo
macedonian
Блиц вести за 24.06.2025
03:03
03:03
Политика
Блиц вести за 24.06.2025
Следите блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 24 Јуни.

Израел и Иран постигнаа договор за примирје, Катар повторно воспостави воздушен сообраќај, македонското МНР предупреди да не се патува на Блискиот Исток. Следите блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 24 Јуни.

Трамп: Прекинот на огнот е на сила, ве молам не го прекршувајте

Американскиот претседател Доналд Трамп рано изутрина објави дека прекинот на огнот меѓу Иран и Израел е на сила, повикувајќи ги двете страни да го почитуваат.

„Прекинот на огнот е сега на сила. Ве молам не го прекршувајте!“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social.

Трамп вчера објави дека Израел и Иран се согласиле на „целосен и тотален“ прекин на огнот во услови на растечкиот конфликт на Блискиот Исток.

Израел потврди дека се согласува на примирје со Иран

Израел денеска официјално потврди дека се согласува со прекин на огнот со Иран, во согласност со предлогот што го поднесе американскиот претседател Доналд Трамп.

„Во светлината на постигнувањето на целите на операцијата и во целосна соработка со претседателот Трамп, Израел се согласи со неговиот предлог за прекин на огнот од двете страни. Израел ќе одговори енергично на секое кршење на прекинот на огнот “, се вели во владино соопштение.

МНР: Македонските државјани да се воздржат од патувања на Блискиот Исток

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји.

„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба”, се вели во соопштението од македонското МНР.

Катар повторно воспостави воздушен сообраќај по прекинот поради нападите на Иран

Катар го обнови воздушниот сообраќај и ги врати своите воздушни операции во нормала по привременото нарушување откако Иран изврши напад врз американски воени бази во Катар, соопшти Управата за цивилно воздухопловство (GCAA).

Во соопштението објавено од официјалната новинска агенција се вели дека воздушната навигација над Катар е нормализирана откако се преземени потребните мерки во координација со надлежните органи.

Катар ервејс соопшти дека ги продолжил летовите по повторното отворање на воздушниот простор.

„Наш приоритет во овој момент е да им помогнеме на патниците безбедно да се вратат дома или да го продолжат своето патување“, соопшти компанијата.

Поефтини природниот гас во Европа по објавата за примирје меѓу Израел и Иран

Цените на природниот гас во Европа паднаа за 12 проценти откако американскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран.

Цената по мегават-час за јулските фјучерси нa холандската виртуелна берза за природен гас со најголем промет во Европа утрово беше 36,4 евра за мегават-час, што е намалување од 10,1 процент во однос на вчерашната од 40,5 евра.

Како што одминуваше денот, цените продолжија да паѓаат, достигнувајќи 35,8 евра во 9 часот наутро по локално време, што е намалување од 12 проценти во однос на претходниот ден.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Кои држави имаат нуклеарно оружје?
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us