РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Колку е распространет ужасот на семејното насилство во регионот?
И покрај кампањите и различните мерки за подигање на свеста и предупредување, семејното насилство како феномен и понатаму е присутно во регионот, понекогаш се намалува, а понекогаш се зголемува. Да ги погледнеме минатогодишните бројки.
Колку е распространет ужасот на семејното насилство во регионот?
Колку е распространет ужасот на семејното насилство во регионот? / Photo: TRT Balkan
23 септември 2023

Семејното насилство е негативен феномен кој останува присутен во балканскиот регион и често завршува трагично, земајќи десетици жртви годишно низ целиот регион.

ТРТ Балкан ги анализираше минатогодишните статистички податоци во земјите од регионот поврзани со семејното насилство. Некаде се зголемуваат, а некаде се намалуваат случаите на семејно насилство, додека според надлежните се повеќе се зголемува свеста и пријавувањето за овие случаи.

Србија има најмногу случаи на семејно насилство

Само во првите 9 месеци од 2022 година во Србија се пријавени 15.717 случаи на семејно насилство, објави платформата “Iskljuci-nasilje.rs”. Во меѓувреме, официјалните податоци на МВР покажуваат дека во текот на изминатата година животот го загубиле 40 жртви како последица на семејно насилство. Од нив 26 се жени, поточно 25 жени и едно малолетно девојче.

Српското МВР постапило по 4.464 кривични дела – семејно насилство, а преземени се 31.331 итна мерка.

Во Албанија зголемен број на случаи на семејно насилство

Во текот на изминатата година Албанија забележа забележителен пораст на случаи на семејно насилство. Пријавени се вкупно 5.213 случаи на насилство и други кривични дела во семејството, за 2.386 повеќе отколку во 2021 година кога имало 2.845 случаи.

Во 2022 година, во повеќето случаи, точно 3.760 од нив, жртви биле жени и девојчиња. Жртви биле и деца, во вкупно 226 случаи.

Во Косово осум случаи на семејно насилство секој ден

Во рок од една година, во Косово биле пријавени 2.735 случаи на семејно насилство или во просек речиси 8 случаи секој ден, според извештајот на Групата за правни и политички студии (ГЛПС).

Над 80 отсто од осомничените за семејно насилство се мажи, додека 20 отсто од нив се жени. Односот на осомничени и жртви е следен, 2.162 случаи се маж-сопруга, 120 случаи дете-родител, 462 случаи се родител-дете и 123 случаи се брат и сестра.

Бројките се зголемуваат во однос на претходните години, но според Владата, фактор за зголемувањето на бројките е и зголемувањето на свеста и пријавите во полиција.

Во Босна и Херцеговина зголемено насилство, „мека“ правда

Во текот на 2022 година, во Босна и Херцеговина биле поднесени вкупно 2.290 пријави за семејно насилство, од кои во 2.009 случаи осомничени или обвинети биле мажи.

Според податоците на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина, од 556 обвиненија поднесени минатата година, во 481 случај одговорните биле осудени само со условни казни.

Помал број на регистрирани случаи во Северна МакедонијаВо текот на 2022 година во Северна Македонија се регистрирани 1.543 жртви на семејно насилство, од кои најголем дел се жени - вкупно 1.074. Во 252 случаи жртви се мажи, додека во 227 случаи се деца.

Бројките во Северна Македонија се намалуваат во однос на претходната година. Во текот на 2021 година имало 1.608 пријавени случаи, околу 4% повеќе.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us