РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Рама: Неопходна е мировна конференција за Косово
Свикување на мировна конференција, под надзор и гаранции на ЕУ и САД и преземање на сите вонредни мерки со КФОР за да се спречи понатамошна ескалација на кризата, не само заради редот и безбедноста на Косово, туку и за иднината на регионот
Рама: Неопходна е мировна конференција за Косово
Убијците на недолжниот полицаец, кој го спроведувал законот, мораат да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Рама / Photo: AA
25 септември 2023

Премиерот на Албанија, Еди Рама, ја повика евроатлантската заедница да свика вонредна мировна конференција за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата во Косово и да се сочува мирот во регионот.

„Трагедијата на загуба на животот на службеникот на косовската полиција е досега најголемото ѕвоно за узбуна од континуираниот ризик долготрајната криза да ескалира во вооружен судир. Злосторниците кои го одзедоа животот на недолжен човек, кој служел во државна униформа на силите за спроведување на законот во Република Косово, мораат да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Рама во објавата на социјалната мрежа Х, по информациите за убиството на припадникот на Полицијата на Косово во селото Бањска, во општина Звечан.

Рама додаде дека „евроатлантската заедница мора да ја собере сета своја импозантна моќ и на масата за дијалог за нормализација, да ги седне Косово и Србија.“

„Свикување на вонредна мировна конференција, под надзор и гаранции на Европската унија и САД, и истовремено преземање на сите вонредни мерки со КФОР, за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата. Ова е стратешки неопходно, не само заради редот и безбедноста на Косово денес, туку и за утрешниот мир и иднината на регионот, пред продолжената криза во северниот дел на Косово да се оттргне од контрола и да прерасне во дестабилизирачки пожар за целиот регион“, порача Рама.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us