РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Затворени седумте избирачки места, излезеноста до 18:30 часот е 55,10 отсто
Во споредба со гласањето на 8 мај до 18:30 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,08 отсто на овие избирачки места, велат од ДИК
Затворени седумте избирачки места, излезеноста до 18:30 часот е 55,10 отсто
Во овие избирачки места се прегласува откако Државната изборна комисија го поништи гласањето, а Управниот суд ги потврди овие одлуки / Photo: AA
22 мај 2024

Седумте избирачките места во земјава каде денеска се прегласуваше за парламентарните избори 2024 се затворени, а гласањето се одвиваше без проблеми.

„Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18:30 чaсот гласале 2.487, односно 55,1 отсто“, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Во Изборното место (ИМ) 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98, отсто, во ИМ 1194 во Крушево гласале 325 гласачи односно 69,3 отсто, во ИМ 1202 во Крушево гласале 99 гласачи односно 33,22 отсто, во ИМ 1272 во Охрид гласале 356 гласачи односно 50,07 отсто, во ИМ 1470 во Долнени гласале 365 гласачи односно 55,47 отсто, во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 324 гласачи односно 51,27 отсто и во ИМ 1844 во Струга гласале 472 гласачи односно 62,68 отсто.

„Во споредба со гласањето на 8 мај до 18:30 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,08 отсто на овие избирачки места“, велат од ДИК.

Во овие избирачки места се прегласува откако Државната изборна комисија го поништи гласањето, а Управниот суд ги потврди овие одлуки.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us