РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Секој трет македонски граѓанин размислува да се исели од земјата
Најголем интерес да се иселат од државата имаат возрасните групи од 30 до 50 години со завршено високо образование каде дури секој втор сака да си ја побара среќата надвор од земјата, покажуваат деталните анализи на бројките.
Секој трет македонски граѓанин размислува да се исели од земјата
Секој трет македонски граѓанин размислува да се исели од земјата /      Илустрација: ТРТ Балкан / ТРТ Балкан МК
17 февруари 2025

Секој трет македонски граѓанин или 35.2 проценти размислуваат да се иселат од земјата, покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Најголем интерес да се иселат од државата имаат возрасните групи од 30 до 50 години со завршено високо образование каде дури секој втор сака да си ја побара среќата надвор од земјата, покажуваат деталните анализи на бројките.

Наведено е дека 15,9 проценти велат дека причина да сакаат да се иселат се платите, а веднаш зад нив се оние кои велат дека причина се подобрите можности за децата, подобро здравство, подобро образование и инфраструктура.

Според анкетата, прв избор за дестинација е Германија која ја избрале 11,8 проценти од испитаниците, Швајцарија со 6.9 проценти и Словенија со 5.2. Скандинавските држави и САД се избор на нешто над три проценти испитаници.

Дека со сигурност ќе се иселат од државата во следните 5 години одговориле 10 проценти од испитаниците.

Огромен број испитаници дури 64,9 проценти велат дека имаат свој близок кој веќе се преселил во странство 70 проценти од испитаниците сметаат дека споредено со периодот пред пет години степенот на иселување се зголемува.

Истражувањето за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 24 до 26 јануари оваа година на репрезентативен примерок од 1.033 испитаници од целата држава.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us