РЕГИОН
2 мин читање
Кривична против скопјанец за „тероризам“, лажно пријавил бомба во авион на Скопскиот аеродром
По преземени мерки и активности, дојдено било до сознание дека на 16 август во 2:41 часот, лажно пријавил дека е поставена бомба во авион на Меѓународниот аеродром - Скопје
Кривична против скопјанец за „тероризам“, лажно пријавил бомба во авион на Скопскиот аеродром
Кривична против скопјанец за „тероризам“, лажно пријавил бомба во авион на Скопскиот аеродром / AA
21 август 2025

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека поднесена е кривична пријава против скопјанец за „тероризам“. Тој се сомничи за лажно пријавување подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром, по што аеродромот беше затворен за сообраќај неколку часа, а планираните летови, одложени.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР - Сектор за борба против тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава по брза постапка против С.А., на возраст од 26 години од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394 - б од Кривичниот законик“, појаснуваат од МВР.   

По преземени мерки и активности, дојдено било до сознание дека на 16 август во 2:41 часот, лажно пријавил дека е поставена бомба во авион што од Меѓународниот аеродром - Скопје требаше да полета кон Република Турција (Туркије), по што аеродромот беше затворен за сообраќај неколку часа, а планираните летови, исто така, беа одложени за неколку часа, односно до завршување на антитерористичките проверки.

„При преземањето мерки, вчера, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со настанот, а тој бил лишен од слобода. Во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото“, потенцираат од Министерството.

Претходно, од Обвинителство соопштија за донесена наредба за спроведување истражна постапка против лице кое се сомничи дека сторило кривично дело „тероризам“, а предложен бил и притвор. 

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us