РЕГИОН
2 мин читање
Со хеликоптер на армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
Од Армијата додаваат дека целата операција за локализирање и спречување на понатамошно ширење на пожарот се спроведува во соработка со Центарот за управување со кризи, а со цел заштита на населението, имотот и животната средина.
Со хеликоптер на армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
Со хеликоптер на армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен / TRT Balkan
20 август 2025

Во реонот на Јасен, во текот на вчерашниот и денешниот ден припадници на Командата за операции од воздух и копно учествуваат во гасење на шумскиот пожар, при што се исфлени 102 тони вода.

Како што објави армијата на Фејсбук страницата, во рамки на воздушната интервенција со хеликоптер Ми-8МТ беа реализирани вкупно 46 водени исфрлања (ведра), со што беа испуштени околу 102 тони вода.

„Во гаснењето на овој пожар се вклучени и припадници на баталјонот на специјални сили „Волци“, кој во тесна координација со припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ беа ангажирани на уредување на тешко прооден и стрмен терен со цел спречување на понатамошно ширење на пожарот“, се наведува во објавата.

Од Армијата додаваат дека целата операција за локализирање и спречување на понатамошно ширење на пожарот се спроведува во соработка со Центарот за управување со кризи, а со цел заштита на населението, имотот и животната средина.

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов во пладневната изјава информира дека денеска има шест пожари на отворен простор. Од нив само два се активни, останатите се изгаснати.

„Нов пожар којшто се појави во текот на вчерашниот ден е пожарот во атарот на селото Беловодица, општина Прилеп, којшто се одвива на поголема височина на тешко пристапен терен, поради што денеска упативме да дејствува еден „ер-трактор“ којшто им помага на прилепските пожарникари. И понатаму тешкиот пожар останува во ловиштето Јасен, пожар што со денови се одвива овде, и на којшто дождот немаше никакво влијание, но благодарение на пожртвуваната акција од страна на армиските и полициските специјалци ги затворивме горните кракови“, рече Ангелов.

Информира дека на Јасен е активен само еден крак, којшто се движи во насока од ловиштето кон езерото Козјак, односно кон ресторанот што се наоѓа на врвот над езерото Козјак.

„Напред од пожарот имаме стрмен гребен на којшто утрово со по еден тим специјалци со полициските тигри и армиските волци работиме противпожарен појас на исклучително стрмен терен. Нашата намера е доколку огнот не се изгасне со летала, да го стопираме назад, да го пресретнеме на овој гребен, и да не му дозволиме да премине од другата страна“, кажа Ангелов.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us