РЕГИОН
4 мин читање
Признание на вина
За висината на затворската казна на Васил Јованов за прегазувањето на Фросина може да се дебатира, но, не е јасно зошто пак му се дава можност да седне зад воланот. Каква порака испраќа судот со ваква пресуда?
Признание на вина
Јавноста со право бара објаснување зошто Јованов не доби 20 години затвор, ако веќе постоеле доволно елементи за да се пресуди таква казна / Getty Images
14 мај 2025

Четири месеци по трагичната смрт на Фросина Кулакова и вчерашната пресудена затворска казна против возачот Васил Јованов, кој ја прегази на пешачкиот премин кај Универзална сала, повторно се бара правда и се најавуваат протести.

Незадоволни од пресудата со која Јованов доби 12 години затвор е семејството на Кулакова, но и неговиот адвокат, кој смета дека казната е преголема.

Кривичниот суд Скопје пресуди дека Јованов е виновен затоа што без возачка, на црвено, под дејство на алкохол поминал на пешачки и удрил во пешакот Кулакова, која поминувала на зелено светло и починала на самото место.

Според надлежното јавно обвинителство, обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е предвидена максимална затворска казна до 20 години.

Сепак, обвинителот рече дека пресудата е победа за Обвинителството бидејќи, како што кажа, затворската казна од 12 години е досега највисоката изречена од овој суд за вакво кривично дело.

Но за Сашко Дуковски, адвокатот на Јованов, казната е преголема бидејќи за сообраќајна несреќа на истото место, но од спротивната страна во 2019 година возачот добил три и полгодишна затворска казна. Тој наведе и други примери во кои возачи добивале поблаги казни.

И во право е дека судскиот систем во изминативе децении не ги одмерувал реално казните на тасот на правдата, но греши кога вели дека со Јованов не може да почне спроведување на нова казнена политика. Може и мора еднаш да почне да се спроведува праведна казнена политика. 

Прашање е само дали и пресудата за Јованов е праведна. 

Јавноста со право бара објаснување зошто Јованов не доби 20 години затвор, ако веќе постоеле доволно елементи за да се пресуди таква казна. 

Време е за донесување на нови и поконкретни закони, а судиите треба да почнат реално да ги согледуваат работите и да не се кријат зад излишни правни флоскули и инструменти донесени пред стотина години кои денес не значат ништо.

За Судскиот совет една од олеснителните околности во одредување на пресудата било признание на вина на Јованов, кој, ете, имал доблест да каже дека е виновен, како да немало десетици очевидци на Партизанска и безбедносни камери кои виделе и снимиле како на црвено светло ја прегазува Фросина, како алко- тестот да не бил позитивен и дека не постои во регистерот на возачи, оти, нормално, не положил за возачка дозвола. 

Голото признание на вина по директива на адвокатот и притисокот на јавноста не треба да биде елемент кој одлучува колкава ќе биде казната. Можеше да биде олеснителна околноста ако Јованов, по некоја игра на судбината ја прегазил Фросина на некое зафрлено место и избегал без некој да го види и без да остави докази, па поради стварното каење самиот се пријавил во полиција и признал дека ја убил Фросина.

Дали има некој прекршок што Јованов не го направил кога ја прегазил Фросина? Можеби ако возел со врзани раце на грбот и со превез на очите Судот ќе утврдел дека отежнителните околности имаат поголема тежина од признанието на вина.

А единствената вистинска олеснителна околност за Јованов е тоа што кобната вечер на 31 јануари со своето дивјачко возење не убил уште некого. 

Згора на сѐ, рецидивистот Јованов, кој во својата двегодишна „возачка“ кариера направил 11 сообраќајни прекршоци, Судот го „почести“ со само петгодишна забрана за возење, која ќе стане функционална по неговото излегување од затвор.

Правосудниот систем смета дека секој треба да добие втора шанса и да се поправи за стореното. Затоа одредил помала или поблага казна и ги зема во предвид олеснителните околности. Но зошто Јованов да не добие доживотна забрана за управување со возило?

И ако за висината на казната може да се дебатира, не е јасно зошто на Јованов пак му се дава можност да седне зад воланот. Каква порака испраќа судот со ваква пресуда? 

Автор: Игор Шегавиќ

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us