logo
macedonian
Дневни блиц вести 04.09.2025
02:59
02:59
Свет
Дневни блиц вести 04.09.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 4 септември
4 септември 2025

Хамас ја повторува подготвеноста за сеопфатен договор за Газа, додека Трамп најавува дека „наскоро нешто ќе се случи“ во Украина. Во Пекинг, Кси и Вучиќ го нагласија „челичното пријателство“ меѓу Кина и Србија.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 4 септември

Хамас повтори дека е подготвен за сеопфатен договор за Газа

Палестинската милитантна група Хамас ја повтори својата подготвеност да постигне сеопфатен договор за Појасот Газа, според кој сите израелски заложници ќе бидат ослободени во замена за ослободување на договорен број палестински затвореници од израелските затвори. Хамас во соопштението изјави дека сè уште чека одговор од Израел на предлогот за прекин на огнот што палестинската организација го прифати пред две недели, објави „Тајмс оф Израел“.

Трамп: Наскоро нешто ќе се случи во Украина, но Путин и Зеленски не се подготвени за тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека наскоро „нешто ќе се случи“ во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа. Тој рече дека е „реалистичен и оптимист“ за постигнување мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи активностите што ги преземаат Путин и Зеленски.

Кси-Вучиќ: Кина и Србија споделуваат челично пријателство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Пекинг, на средбата со претседателот на Кина, Кси Џинпинг, изјави дека Србија и Кина се челични пријатели со трговска размена меѓу двете земји која никогаш не била поголема, и оти Иницијативата за глобално управување, предложена од кинеското раководство, е добар концепт што Србија секогаш ќе го поддржува. Вучиќ рече дека Србија ја доживува Кина како искрен пријател и изјави дека Кина и нејзиниот претседател биле со Србија кога ѝ било тешко и економски и медицински, но и политички.

Москва: Распоредувањето на странски сили во Украина е неприфатливо за Русија

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пред новинарите во четврток. Тоа беше нејзиниот коментар за изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за плановите за испраќање европски сили во Украина, идеја што ја отфрли и Германија.

И за крај на денешниот блиц...

Индиценти на завршниот митинг на Милеи, неколку лица приведени

Судири меѓу либертаријанските активисти и полицијата избувнаа по церемонијата на затворање на кампањата на претседателот Хавиер Милеи пред клубот „Вила Анџело“ во Морено, Буенос Аирес. Тензиите се зголемија кога Милеи се обрати пред околу 1.500 поддржувачи под силно полициско присуство. Додека претседателот држеше 40-минутен говор, избувнаа судири меѓу опозициски групи кои беа во близина.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 05.09.2025
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us