logo
macedonian
Дневни блиц вести 01.08.2025
03:41
03:41
Свет
Дневни блиц вести 01.08.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 1 август
пред 17 часа

САД воведоа нови царини за 69 држави, меѓу кои и за Македонија со стапка од 15%, додека Израел продолжи со напади врз Газа, при што загинаа најмалку осум Палестинци. Рубио изјави дека палестинска држава не може да постои без согласност од Израел, а поранешниот хрватски премиер Санадер доби условно ослободување и покрај казната од 18 години затвор. Сирија, пак, го обвини Израел дека работи на нејзина поделба и дестабилизација преку поддршка на локални лидери.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 1 август

Трамп воведе царини за 69 држави, за Србија 35%, за БиХ 30%, за Северна Македонија 15%

Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија. Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја ќе бидат предмет на царини од 15 проценти. Србија ќе се соочи со царини од 35 проценти, а Босна и Херцеговина од 30 проценти. Ирак 35%, Лаос 40%, Мјанмар 40%, Швајцарија 39% и Сирија 41% беа означени со повисоки стапки. Македонија има стапка од 15 отсто, исто како за Европската Унија, којашто склучи трговски договор само пред три дена, на 27 јули. Првично објавената царинска стапка за македонските стоки од месец април, изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата стапка е повеќе од двојно пониска.

Израелски напади во Газа убија најмалку осум Палестинци од утрово

Најмалку осум Палестинци беа убиени, а неколку други беа повредени утрово во израелски напади со беспилотни летала насочени кон повеќе области низ Појасот Газа, соопштија медицински извори. Четири Палестинци беа убиени, а други беа повредени кога израелски дрон бомбардираше шатори во кои се сместени раселени цивили во областа Ал-Маваси западно од Кан Јунис во јужна Газа. Во централниот град Деир ал-Балах во Газа, уште четири лица беа убиени, а други беа повредени во израелски воздушен напад насочен кон станбена област.

Рубио: Не може да се прогласи палестинска држава без согласност од Израел

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги отфрли неодамнешните одлуки на западните земји за признавање на Палестина, нарекувајќи ги „неважни“. „Ниту една од овие земји нема способност да создаде палестинска држава“, изјави Рубио. „Не може да има палестинска држава освен ако Израел не се согласи со тоа“, истакна Рубио. „Тие дури и не можат да ви кажат каде е оваа палестинска држава. Не можат да ви кажат кој ќе ја управува. И мислам трето, тоа е контрапродуктивно“, рече тој.

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер условно ослободен од затворската казна

Поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, кој е осуден за повеќе кривични дела, е условно ослободен во четвртокот, а одлуката да му се даде предвремено ослободување од затвор пред да ја издржи целата казна ја донесе Советот на Окружниот суд во Сисак. Во судот се одржа рочиште на кое е утврдено дека поранешниот премиер ги исполнува условите за предвремено ослободување. Иво Санадер беше осуден на единствена казна од 18 години затвор, а конечно беше осуден во три случаи: за проневера на пари од јавни претпријатија во случајот „Фими Медиа“, за барање и примање мито во случајот „Планинска“ и за предавање на управувачките права врз ИНА на унгарскиот МОЛ во замена за мито.

И за крај на денешниот блиц...

Сирискиот министер за информации: Израел не сака стабилна и обединета Сирија

Сирискиот министер за информации, Хамза Мустафа, рече дека Израел работи на поделба на Сирија преку поддршка на лидерот на Друзите Хикмет ал-Хаџри во Сувејда, со цел да создаде администрација во стилот на кантон на југот од земјата. „Израел не го сака постоењето на обединета и стабилна Сирија. Тој продолжува со својата политика за фрагментирана и нестабилна Сирија. За жал, некои страни внатре, исто така, им служат на израелските политики со теснополитички калкулации“, изјави Мустафа.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 31.07.2025
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us