logo
macedonian
Дневни блиц вести 31.07.2025
03:08
03:08
Свет
Дневни блиц вести 31.07.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 31 јули
31 јули 2025

Канада најави дека ќе ја признае Палестина во септември.Во Рим, стотици демонстранти побараа крај на блокадата на Газа, осудувајќи го „гладот како оружје“. Иран бара компензација од САД пред продолжување на нуклеарните преговори. Конференцијата на ОН во Њујорк заврши со силна поддршка за решението со две држави за Израел и Палестина. Во најновите израелски напади врз Газа убиени се 13 Палестинци, меѓу кои и деца.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 31 јули

Канада ќе ја признае Палестина во септември поради „рапидното влошување“ на ситуацијата во Газа

Канада во среда објави дека ќе ја признае Палестина како држава во септември, поради неподносливата хуманитарна ситуација во Појасот Газа. „Канада има намера да ја признае државата Палестина на 80-та сесија на Генералното собрание на ОН во септември 2025 година“, изјави премиерот Марк Карни на прес-конференција во Отава, откако претседаваше со виртуелен состанок на неговиот кабинет.

Стотици луѓе во Рим побараа прекин на блокадата на Газа- Гладот се користи како оружје

Конвој од возила, мотоцикли и велосипеди се движел пред седиштето на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), додека собраните мавтале со палестински знамиња, свиреле со труби и удирале по тенџериња и капаци, минувајќи низ градските улици и привлекувајќи внимание кон она што го нарекуваа „глад како оружје“ што се користи против цивилното население во Газа. Демонстрантите го осудија молчењето на градските власти во Рим и побараа прекин на сета економска соработка со Израел.

Иран: САД мора да ни ја надоместат штетата пред новите нуклеарни преговори

САД мора да му ја надоместат штетата на Иран што ја предизвика за време на минатомесечната војна, објави во четврток „Фајненшл тајмс“, цитирајќи го министерот за надворешни работи на Иран, додека Техеран зазема построг став и поставува нови услови за продолжување на нуклеарните разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. „Тие треба да објаснат зошто нè нападнаа во средината на преговорите и мора да обезбедат дека нема да го сторат тоа повторно (за време на идните разговори)“, рече шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, во интервју за „Фајненшл тајмс“ во Техеран.

Конференцијата на ОН за Палестина заврши со силна поддршка за решението со две држави

Конференцијата на високо ниво на Обединетите нации (ОН) за мирно решавање на палестинското прашање заврши во среда во седиштето на организацијата во Њујорк. Конференцијата, на која учествуваа високи функционери од речиси 130 земји, се одржа од 28 до 30 јули и заврши со силен акцент на поддршката за решение со две држави, со усвојување на „Њујоршкиот повик“ и „Њујоршката декларација“. И Израел и САД не беа присутни на конференцијата, со која претседаваа Франција и Саудиска Арабија.

И за крај на денешниот блиц...

Деца меѓу 13 Палестинци убиени во најновите израелски напади врз Појасот Газа

Најмалку 13 лица се убиени, а неколкумина се повредени во израелските напади врз Појасот Газа рано утрово, изјавија медицински извори. Израелската армија изврши напад врз стан на палестинско семејство во северниот дел на градот Газа, при што се убиени три лица, а повеќемина се повредени. Нападот, исто така, предизвика пожар на местото. Пет лица се убиени во гранатирање на шатори на раселени Палестинци во Деир ал-Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 01.08.2025
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us