logo
macedonian
Дневни блиц вести 04.08.2025
03:38
03:38
Свет
Дневни блиц вести 04.08.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 4 август
4 август 2025

Две нуклеарни подморници се распоредени „таму каде што треба“, изјави Трамп. Палестинци протестираа во Рамалах против гладот во Газа. Хамас нуди храна и лекови за заложници ако Израел отвори хуманитарни коридори. Камбоџа и Тајланд почнаа мировни преговори во Малезија, а поддржувачи на Болсонаро протестираа во Бразил барајќи амнестија.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 4 август

Трамп: Две американски нуклеарни подморници пристигнаа „таму каде што треба да бидат“

Две американски нуклеарни подморници пристигнаа „таму каде што треба да бидат“, изјави претседателот Доналд Трамп во неделата, откако нареди нивно распоредување по коментарите на поранешниот руски лидер Дмитриј Медведев. „Тие се во регионот, да, таму каде што треба да бидат“, им рече Трамп на новинарите пред да се врати од своето голф-одморалиште во Њу Џерси кога беше прашан за локацијата на подморниците. Трамп претходно изјави дека наредил распоредување на две американски нуклеарни подморници во „соодветни региони“ поради ескалацијата на вербалната расправија со Медведев.

Илјадници Палестинци протестираа во Рамалах против политиката на Израел за изгладнување на Газа

Илјадници Палестинци излегоа на улиците на Рамалах на Западниот Брег во неделата за да протестираат против израелската офанзива врз Газа и да покажат солидарност со палестинските затвореници во израелските затвори. Демонстрантите носеа транспаренти со кои се осудува опсадата и гладот во Газа и молчењето на меѓународната заедница. Поранешната притвореничка Иман Нафие изјави дека Палестинците мора да се обединат против агресијата и дека арапскиот и меѓународниот молк за Газа мора да заврши. Таа истакна дека луѓето гладуваат и дека зборовите на осуда не се доволни, повикувајќи на конкретни акции.

Хамас е подготвен да им помогне на заложниците ако Израел отвори хуманитарни коридори

Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, синоќа објави дека е подготвено позитивно да одговори на секое барање на Црвениот крст за испорака на храна и лекови на израелските заложници што ги држи во Појасот Газа, под услов Израел трајно да отвори хуманитарни коридори. Портпаролот на бригадата Ал-Касам Абу Обеида прецизираше дека условот на групата за пристап на Црвениот крст до заложниците е отворање хуманитарни коридори „на нормален и траен начин“ за проток на храна и лекови до сите Палестинци во сите делови на Појасот Газа и прекин на сите форми на израелска воздушна активност за време на испораката на пакети до заложниците.

Камбоџа и Тајланд започнаа мировни преговори во Малезија

Високи безбедносни претставници на Камбоџа и Тајланд денес започнаа мировни преговори во Малезија со цел намалување на граничните тензии и прекинување на конфликтот меѓу овие две соседни земји од Југоисточна Азија, во кој загинаа повеќе од 40 лица. Состанокот на таканаречениот Општ граничен комитет, еден од неколкуте билатерални механизми меѓу двете земји за решавање на граничните прашања, се одржува во Куала Лумпур на барање на Тајланд, објавува Блумберг.

И за крај на денешниот блиц...

Поддржувачите на Болсонаро протестираа во неколку бразилски градови барајќи амнестија

Поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, кој е обвинет за обид за државен удар по поразот на изборите во 2022 година, протестираа во недела на улиците на неколку градови низ Бразил против судијата на Врховниот федерален суд (СТФ) Александар де Мораес и сегашниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва. Демонстрантите бараа амнестија за лицата обвинети за учество во наводниот обид за државен удар што се случи неколку дена по инаугурацијата на Лула да Силва во јануари 2023 година, објавува Ројтерс. За време на протестот, поддржувачите на Болсонаро, облечени во дресови на бразилската фудбалска репрезентација ги навредуваа судијата де Мораес и претседателот Лула.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Блиц вести 05.08.2025
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us