logo
macedonian
Блиц вести 05.08.2025
03:32
03:32
Политика
Блиц вести 05.08.2025
Следите Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик за вторник, 5 август.
5 август 2025

 УНИЦЕФ повикува на итен прекин на огнот во Газа, Израел тврди дека дозволил постепен влез на стоки во Газа преку приватниот сектор, Зеленски бара ефикасни санкции кон Русија, Туркије ја предводи петтата научна експедиција на Арктикот. Следите Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник, 5 август.

УНИЦЕФ повикува на итен прекин на огнот: Дневно се убиваат 28 деца во Газа

Просечно 28 деца се убиваат дневно во Газа поради израелските ограничувања за обезбедување на многу потребната хуманитарна помош и колапсот на виталните услуги, соопшти вчера Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

„Смртни случаи од бомбардирање. Смртни случаи од неухранетост и глад. Смртни случаи од недостаток на помош и витални услуги“, соопшти УНИЦЕФ во соопштението на X.

Агенцијата нагласи дека на децата во Газа итно им е потребна храна, чиста вода, лекови и заштита, додавајќи: „Повеќе од сè, им е потребен прекин на огнот, сега“.

Израел тврди дека дозволил „постепен влез на стока“ во приватниот сектор во Газа

Израелската влада одобри механизам што овозможува, како што го нарече, „постепен и контролиран“ влез на стоки во блокираниот Појас Газа преку приватниот сектор.

„Ова има за цел да се зголеми обемот на помош што влегува во Појасот Газа, а воедно да се намали зависноста од собирањето помош од страна на ОН и меѓународните организации“, соопшти израелската воена агенција што ја координира помошта.

Во вчерашното соопштение се вели дека ограничен број локални трговци биле одобрени како дел од новиот механизам.

Овој потег доаѓа во услови на строга израелска блокада што го стави 2,4-милионското население на Газа на работ на глад.

Според Министерството за здравство на Газа, најмалку 180 луѓе, вклучувајќи 93 деца, починале од глад и неухранетост од октомври 2023 година.

Зеленски: Санкциите кон Русија ќе бидат ефикасни само ако се доволно силни

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека санкциите против Русија и нејзините „помагачи“ можат да вродат со плод ако се доволно силни и ги опфаќаат сите аспекти на руските воени и економски активности.

Тој истакна дека клучен дел од стратегијата е да се изврши притисок врз Русија преку економски санкции, особено врз секторите што ѝ помагаат на „руската воена машинерија да продолжи да финансира напади“.

Според него, секундарните санкции што се применуваат врз земјите или организациите што ја поддржуваат Русија во трговијата со нафта може да бидат клучни за намалување на финансискиот потенцијал на Кремљ.

Руско МНР: Во украинските напади врз Русија минатата недела загинале 18 лица

Во нападите на украинската армија врз Русија во текот на минатата недела, 18 лица биле убиени, меѓу кои и едно дете, а речиси 130 лица се повредени, соопшти во вторник функционерот на руското Министерство за надворешни работи, Родион Мирошник.

Тој прецизираше дека во текот на минатата недела вкупно 145 цивили настрадале од украинско гранатирање, прецизирајќи дека 127 лица биле ранети, меѓу кои седум малолетници, и дека 18 лица загинале, меѓу кои и едно дете.

„Повеќе од 80 проценти од цивилите повредени во нападите на украинските вооружени сили беа жртви на напади од украински беспилотни летала од различни системи и модификации“, рече Мирошник.

Туркије ја предводи својата петта научна експедиција во Арктикот

Туркије ја започна својата петта научно-истражувачка експедиција во Арктикот, со цел преку 19 различни проекти да бара одговори за иднината на планетата, особено во морската средина на овој регион.

Експедицијата, која се одвива под покровителство на Претседателството на Туркије, вклучува претставници од Научниот и технолошкиот истражувачки совет, Дирекцијата за навигација, хидрографија и океанографија, новинската агенција Анадолу, како и универзитети од Истанбул, Анкара и Измир. Придружени им се и тројца истражувачи од Бугарија, Аргентина и Еквадор.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Блиц вести 06.08.2025
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us