logo
macedonian
Блиц вести 18.08.2025
02:54
02:54
Политика
Блиц вести 18.08.2025
Следите блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик за понеделник 18 Август.
18 август 2025

Зеленски пристигна во Вашингтон каде ќе разговара со Трамп, четворица загинати меѓу кои и девојче во израелски напад во Газа, Австралија заплени 80 килограми кокаин кој дошол од САД. Следите блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик за понеделник 18 Август.

Зеленски во Вашингтон ќе разговара за можните територијални отстапки и безбедносни гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде што треба да учествува на разговори за ставање крај на руската војна во Украина со американскиот претседател Доналд Трамп, како и со група европски лидери.

„Сите споделуваме силна желба да ја завршиме оваа војна брзо и сигурно“, напиша Зеленски на платформата на X.

Тој рече дека мирот мора да биде траен, „не како што беше пред години, кога Украина беше принудена да се откаже од Крим и дел од истокот на земјата - дел од Донбас - а Путин едноставно го искористил тоа како појдовна точка за нов напад.

Трамп: Ако така одлучи, Зеленски може веднаш да ја заврши војната со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија „речиси веднаш“ ако така одлучи шред денешниот состанок во Вашингтон.

„Претседателот Зеленски на Украина може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака или може да ја продолжи борбата. Се сеќавате како започна. Нема одмазда кон Обама за Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО. Некои работи никогаш не се менуваат!!! “, напиша вчера Трамп на платформата за социјални медиуми Truth Social.

Четворица загинати, меѓу кои и девојче во израелските напади врз бегалски камп во Газа

Израелската армија уби четворица Палестинци во новите напади насочени кон северниот и централниот дел од Појасот Газа.

Државната новинска агенција Вафа објави дека три лица, меѓу кои и едно мало девојче, биле убиени во израелски напад врз раселените цивили во градот Газа.

Телото на една Палестинка беше префрлено во болницата Ал-Авда откако израелската армија го гранатираше бегалскиот камп Нусеjрат во централниот дел на Појасот Газа.

Во нападот беа повредени и голем број други лица, се вели во соопштението на администрацијата на болницата.

Израел уби повеќе од 61.900 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.

Австралија заплени 80 килограми кокаин кој во Сиднеј пристигнал од САД

Австралиските власти запленија 80 килограми кокаин пронајден во контејнер за превоз што пристигнал во Сиднеј од САД, се вели во официјалното соопштение.

Контејнерот за превоз бил прегледан и запленет во Порт Ботани откако рендгенските снимки идентификувале некои аномалии во него, се вели во заедничкото соопштение на Австралиската федерална полиција и Австралиските гранични сили.

Запленетата дрога според властите има проценета улична вредност од 16,9 милиони долари, според властите.

Германија и Јапонија ја зајакнуваат безбедносната соработка

Јапонија и Германија денеска се согласија да ја зајакнат билатералната безбедносна соработка.

Ова беше дискутирано за време на нивниот прв „стратешки дијалог“ во Токио, кој го копретседаваа јапонскиот министер за надворешни работи Такеши Иваја и неговиот германски колега Јохан Вадефул, кој е во тридневна посета на Јапонија.

Јапонија е посебен партнер во Азија кој ги дели истите вредности и принципи“, му рече Вадефул на Иваја

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации следетете не на macedonian.trtbalkan.com.  

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 20.08.2025
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us