Најмалку 20 загинати и десeтици повредени при превртување на камион со помош во Газа, специјалниот претставник на Трамп пристигна во Москва, Хирошима одбележува 80 години од фрлањето на атомската бомба. Следите блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик за среда 6 август.
Најмалку 20 загинати и десетици повредени откако камион со помош се преврте врз толпа во централнa Газа
Најмалку 20 лица загинаа, а десетици повредени кога камион со помош се преврте врз толпата што чекаше испорака на помош во централниот дел од Појасот Газа денеска рано наутро.
Државната новинска агенција ВАФА соопшти дека фаталниот инцидент се случил откако израелската армија го принудила камионот да тргне по небезбеден пат.
Агенцијата не ја прецизираше точната локација на инцидентот.
Министерството за здравство соопшти дека најмалку 1.568 баратели на помош се убиени, а 11.230 други се повредени од израелскиот оган во близина на американските центри за дистрибуција на помош во Газа од 27 мај.
И дека најмалку 188 лица, вклучувајќи 94 деца, починале од глад и неухранетост од октомври 2023 година.
Специјалниот претставник на Трамп пристигна во Москва
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, пристигна денеска во Москва за да разговара за војната меѓу Русија и Украина, објавиja руските медиуми.
Тој пристигна на московскиот аеродром Внуково, каде што беше пречекан од рускиот претседателски инвестициски претставник и шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е можна средба меѓу Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин.
Хирошима одбележува 80 години од фрлањето на атомската бомба
Со минута молчење денеска во Јапонија беше одбележана 80-годишнината од фрлањето на атомската бомба од страна на САД врз градот Хирошима.
Втората светска војна заврши со предавање на Јапонија по бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки.
На 6 август 1945 година, во 8:15 часот по локално време, бомба со збогатен ураниум од четири тони експлодира над Хирошима, уништувајќи околу 90 проценти од градот. Околу 80.000 луѓе загинаа речиси веднаш. Подоцна, како резултат на експлозијата, вкупниот број на жртви достигна околу 140.000.
ВатсАп забрани повеќе од 6,8 милиони сметки поврзани со измамнички операции
WhatsApp забрани повеќе од 6,8 милиони сметки поврзани со измамнички операции во првата половина од оваа година, соопшти вчера компанијата Мета.
Мета објави дека сметките биле отстранети пред многу од нив да можат да се користат, благодарение на истражните сознанија и подобрените напори за спроведување. “Центрите за измами честопати водат повеќе шеми одеднаш, вклучувајќи измами со криптовалути и пирамидални шеми. Вообичаено црвено знаме е барање за авансно плаќање во замена за ветените приноси или заработка”, објави Мета.
Вучиќ – Мелони: Србија и Италија стојат рамо до рамо на патот кон развој и стабилност на регинот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека посетата на премиерката на Италија, Џорџа Мелони, била во духот на искрено партнерство и изрази уверување дека односите меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат во заемен интерес и со целосно меѓусебно почитување.
„Ја испративме Џорџа Мелони по отворени и пријателски разговори. Тоа беше посета во духот на искрено партнерство, но и можност уште еднаш да го покажеме српското гостопримство на дело. Уверени сме дека нашите односи ќе продолжат да се зајакнуваат во заемен интерес и со целосно меѓусебно почитување“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com