logo
macedonian
Дневни блиц вести 03.09.2025
02:02
02:02
Свет
Дневни блиц вести 03.09.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 3 септември
3 септември 2025

Кина одржува голема воена парада за денот на победата, а Трамп смета дека се подготвува заговор против САД

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 3 септември

Кина за прв пат на воена парада ја претстави нуклеарната тријада

Кина за прв пат ги претстави своите копнени, морски и воздушни нуклеарни сили за време на големата воена парада по повод победата на Кина над јапонската агресија на крајот од Втората светска војна.

Началникот на Генералштабот на Романија во посета на Скопје

Делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Георгита Влад, престојува во официјална посета на АРМ.  На официјалната средба со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Сашко Лафчиски и генералот Влад е потврдена соработката помеѓу двете армии.

Република Српска избра нова влада предводена од Саво Миниќ

Народното собрание на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска избра нова Влада на РС на синоќешната седница. Новоизбраниот премиер на Република Српска, Саво Миниќ, и членовите на неговата Влада синоќа положија свечена заклетва пред пратениците на Народното собрание.

Макрон: Ништо нема да го спречи признавањето на Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека никаква офанзива, обид за анексија или присилно преселување на населението нема да го запре меѓународниот процес на признавање на палестинската држава.

И за крај на денешниот блиц...

Трамп ги обвини Кина, Северна Кореја и Русија за заговор против САД

Кина одржува голема воена парада претставувајќи ја воената моќ, а американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини лидерите на Кина, Северна Кореја и Русија за заговор против неговата земја. Тој ја потсети Кина за бројот на американски жртви во војната со Јапонија и дека тоа треба да биде испочитувано. 

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 05.09.2025
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us