Тајланд и Камбоџа разменија оган, Бразил формално ќе се приклучи кон тужбата за геноцид против Израел, блокиран наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по раѓање. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 24 јули.
Тајланд и Камбоџа разменија оган, има жртви
Воени трупи на Тајланд и Камбоџа се судрија во спорната погранична област, при што двете страни се обвинија за предизвикување на најновата ескалација.
Тајландската армија распоредила борбен авион Ф-16 против камбоџиските вооружени сили откако тензиите поради граничниот спор кулминираа со престрелки во кои досега загинаа најмалку двајца цивили.
Еден од шесте борбени авиони Ф-16 што Тајланд се подготвуваше да ги распореди на спорната граница отвори оган кон Камбоџа и уништи воена цел.
Од друга страна, вооружените сили на Камбоџа започнале контраофанзива во раните утрински часови.
Бразил формално ќе се приклучи на тужбата против Израел за геноцид пред МСП
Бразил вчера објави дека е во „последна фаза“ од формално приклучување кон случајот за геноцид поднесен од Јужна Африка против Израел во Меѓународниот суд на правдата.
Во соопштението, бразилската влада изрази „длабоко негодување поради повторените епизоди на насилство врз цивилното население во Државата Палестина, кои не се ограничени само на Појасот Газа, туку се протегаат и на Западниот Брег“.
Во соопштението се наведуваат „сериозни кршења на човековите права“, наведувајќи „напади врз цивилна инфраструктура, вклучувајќи верски објекти како што е католичката парохија во Газа и објектите на Обединетите нации и Светската здравствена организација“.
Хамас доставил одговор до медијаторите за предлогот за прекин на огнот во Газа
Хамас денеска наутро соопшти дека го доставил својот одговор на предлогот за прекин на огнот во Газа.
Не се објавени дополнителни детали.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека преговарачкиот тим го добил одговорот на Хамас од медијаторите и го разгледува.
Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, рече дека најновиот одговор бил „попозитивен“ од претходните.
Судот ја блокира извршната наредба на Трамп за укинување на правото на државјанство по раѓање
Федералниот апелационен суд на САД вчера ја блокираше извршната наредба на претседателот Доналд Трамп со која се бара укинување на правото на државјанство по раѓање, пресудувајќи дека потегот е „многу веројатно неуставен“ и не може да се спроведе додека трае тужбата.
Со одлука од 2-1, Деветтиот окружен апелационен суд ја потврди пресудата на понискиот суд и ја потврди националната забрана против наредбата, која требаше да стапи на сила на 27 јули.
Фајненшл Тајмс: ЕУ и САД блиску до договор за тарифи од 15 проценти за европските стоки
ЕУ и САД се движат кон трговски договор со тарифи од 15% за европски стоки, објави „Фајненшл тајмс“.
Три извори изјавиле за овој медиум дека Брисел и Вашингтон се блиску до договор за тарифи од 15%, сличен на оној што е финализиран меѓу САД и Јапонија.
Изворите како што пишува “Фајненшл Тајмс” вчера рекоа дека ЕУ би можела да прифати реципрочни давачки за да го избегне планираното зголемување на тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп на 30% почнувајќи од 1 август.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.