Сите очи вперени во Алјаска за самитот Трамп-Путин, а стигнаа осуди за планот за нови израелски населби во Западен Брег
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме петок 15 август
Трамп: Мислам дека Путин сака да „ја заврши работата“ на самитот во Алјаска
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, смета дека претседателот на Русија, Владимир Путин, сака да „ја заврши работата“ на самитот во Алјаска, но сепак остави простор дека и по оваа средба нема да дојде до договор.
Лавров: Русија има јасна позиција и аргументи за средбата на Алјаска
Русија има „јасна, разбирлива позиција“ и аргументи за претстојната средба меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп на Алјаска, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Мерц го повика Путин да ја прекине војната во Украина по самитот со Трамп
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да се согласи за прекин на огнот и да ги прекине непријателствата во Украина, и го повика да ја искористи дипломатската можност што ја нуди самитот со Трамп на Алјаска.
МВР: Уапсени две лица од Куманово и Тетово за предизвикување пожари
Македонското Министерство за внатрешни работи објави дека од слобода се лишени две лица поради сомнение за предизвикување на пожар. Во одделни случаи, осомничените се товарат дека предизвикале општа опасност.
И за крај на денешниот блиц...
ОН го повика Израел да не гради нови населби на Западниот Брег
Обединетите нации го повикаа Израел да ја поништи одлуката за започнување со изградба на населба што би го поделила Западниот Брег и би ја поврзала со Источен Ерусалим, изјави денес портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.
За повеќе вести, посетете го ТРТ Балкан.