logo
macedonian
Блиц вести 21.08.2025
03:20
03:20
Политика
Блиц вести 21.08.2025
Следите Блиц Вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 21 август.
пред 8 часа

Нетанјаху нареди покус рок за окупација на Газа,Зеленски прифаќа средба со Путин, но таа да не се одржи во Москва, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс смета дека Европа ќе треба да преземе најголем товар за безбедносните гаранции за Украина. Следите Блиц Вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 21 август.

Нетанјаху нареди покус рок за окупација на Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна вчера објави дека наредил забрзана окупација на Газа, игнорирајќи ги медијаторите кои чекаат повеќе од 48 часа Тел Авив да одговори на предлогот за прекин на огнот.

Во објава на X, канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека, пред да ги одобри плановите за окупација на Газа, тој наредил намалување на временските рокови за преземање контрола врз последните терористички упоришта и поразување на Хамас.

Израелската војска почна да испраќа повици за мобилизација на 60.000 резервисти откако министерот за одбрана Израел Кац ги одобри плановите за окупација на Газа како дел од операцијата „Гидеонова кочија 2“.

ОН: Градењето израелски населби на Западен Брег е кршење на меѓународното право

Обединетите нации (ОН) ја осудија одлуката на Израел да одобри илјадници нови станбени единици на окупираниот Западен Брег.

„Генералниот секретар ја осудува одлуката на Комитетот за високо планирање да даде одобрение за повеќе од 3.400 станбени единици во областа Е1 на окупираниот Западен Брег“, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар Антонио Гутереш.

„Израелските населби на окупираниот Западен Брег, вклучително и Источен Ерусалим, се кршење на меѓународното право и директно се спротивни на резолуциите на Обединетите нации. Напредокот на овој проект е егзистенцијална закана за дводржавното решение“, се вели во соопштението на ОН.

Зеленски: Прифаќам средба со Путин, но не во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повтори дека Украина е подготвена за билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, но дека таа не може да се одржи во Москва.

„Веднаш одговорив на билатералната средба. Ние сме подготвени. Но, што ако „Русите“ не се подготвени? Европејците го покренаа ова прашање. Ако „Русите“ не се подготвени, тогаш би сакале да видиме силна реакција од САД“, рече Зеленски на прес-конференција.

Тој додаде дека подготовките за средбата од руска страна ќе бидат координирани од американски претставници, вклучувајќи го државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и потпретседателот Џ.Д. Венс.

Венс: Европа ќе мора да преземе најголем товар за безбедносните гаранции за Украина

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека европските земји ќе мора да понесат лавовски дел од товарот на безбедносните гаранции за Украина.

Тој рече дека не мисли дека САД треба да „го носат товарот“ во овој поглед, туку да помогнат „да се запре војната и убивањето“ и дека американскиот претседател Доналд Трамп „очекува Европа да игра водечка улога“ во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина.

„Без оглед на тоа каква форма ќе има тоа, Европејците ќе мора да понесат лавовскиот дел од товарот“, рече Венс во изјава за Фокс њуз.

Судот во САД му овозможи на Трамп укинување на заштитата за 60 000 мигранти

Федералниот апелационен суд во САД ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги укине привремените заштити од депортација и работните дозволи за повеќе од 60.000 имигранти од Никарагва, Хондурас и Непал.

Пресудата на Деветтиот окружен апелационен суд веднаш ги прекинува заштитите за непалските граѓани, чиј статус истече на 5 август, додека заштитата за имигрантите од Хондурас и Никарагва завршува на 8 септември.

Тројцата судии кои ја потпишаа одлуката не дадоа правно образложение.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 20.08.2025
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?
Неделен поткаст - Целосна ерозија на градежниот сектор
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us