СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Верстапен со триумф во Абу Даби ја потврди шампионската титула
Холанѓанецот ја заврши сезоната со 575 поени, Перез беше втор со 285, а трет е Луис Хамилтон со 234 поени, а Ред Бул ја освои титулата и кај конструкторите со 860 бодови, пред Мерцедес со 409, а Ферари беше трет со 406 бодови
Верстапен со триумф во Абу Даби ја потврди шампионската титула
Верстапен успеа да се искачи на подиумот на 21 трка од 22 во календарот на Ф1 / Photo: Reuters
27 ноември 2023

Возачот на Ред Бул Рејсинг Макс Верстапен ja круниса фантастичната сезона со победа во последната трка од шампионат во Формула 1 во 2023 година, иако на неколку трки пред крајот ја одбрани титулата.

Холандскиот возач победи на последната трка од сезоната, Големата награда на Абу Даби, со 1час, 27минути и 2 секунди за да ја обезбеди својата 19-та победа во 22 трки.

Шарл Леклер од Ферари заврши со 17,9 секунди заостанување, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет со 20,3 секунди послабо време од Холанќанецот.

Серхио Перез заврши зад својот тимски колега Верстапен, но падна на четвртото место во финишот поради казната од пет секунди за судирот со Ландо Норис од Мекларен.

Верстапен ја заврши сезоната со 575 поени, додека Перез беше втор со 285, а на третото место Луис Хамилтон од Мерцедес со 234 поени.

Ред Бул се најде на врвот на конструкторскиот поредок со 860 бодови, додека Мерцедес го обезбеди второто место со 409, а Ферари беше трет со 406 бодови.

Верстапен успеа да освои подиум на 21 трка од 22 во календарот на Ф1, но не го изадначи рекордот на Михаел Шумахер од 2003 година, кога Германецот 17 пати се искачи на една од трите први места од исто толку трки.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us