Главниот извршен директор на ОпенAИ, Сем Алтман, го обвини Илон Маск дека манипулира со социјалната мрежа Х во корист на своите компании и да им наштети на конкурентите.
Алтман реагираше на тврдењата на Маск дека Епл се занимава со антимонополски прекршувања во корист на ОпенАИ.
„Ова е извонредно тврдење со оглед на она што го слушнав дека Илон манипулира со X за да има корист за себе и за своите компании и да им наштети на конкурентите и луѓето што не ги сака“, напиша Алтман на социјалната мрежа X.
Алтман истакна дека би сакал да се спроведе контраистражување за активностите на Маск, додавајќи дека ОпенАИ ќе продолжи да се фокусира на развојот на квалитетни производи.
„ОпенАИ ќе остане фокусиран на производство на одлични производи“, рече тој.
Претходно Маск, кој ја води компанијата за вештачка интелигенција хАИ на X објави за однесувањето на Епл.
Извршниот директор на Тесла се пожали дека Грок, неговиот асистент за вештачка интелигенција, не е претставен во делот за вештачка интелигенција на Епл и покрај тоа што е „најпаметна вештачка интелигенција во светот на најтешките тестови“.
Тој рече дека Епл ѝ оневозможува на која било компанија за вештачка интелигенција, освен на ОпенАИ, да го достигне првото место во Ап Стор (App Store), што е недвосмислено кршење на антимонополските правила.
Тој најави дека хАИ ќе преземе итни правни мерки против Епл.
Корисниците на Х, пак, преку функцијата Комјунити Ноутс ги оспорија тврдењата на Маск, посочувајќи дека кинескиот модел ДипСик во јануари 2025 година бил на прво место во Ап Стор, а Перплексити на 18 јули 2025 година го зазел врвот во индискиот Ап Стор.
Двете достигнувања се случиле по најавата за партнерството меѓу Епл и ОпенАИ во јуни 2024 година.
Ова е најново продолжение на јавниот конфликт меѓу двајцата коосновачи на ОпенАИ“. Маск и Алтман ја основаа организацијата во 2015 година, но се разделија во 2018 година, кога Маск го напушти одборот откако не успеа да обезбеди целосна контрола и директорска позиција.
Оттогаш Маск поднесе неколку тужби против ОпенАИ, обвинувајќи ја компанијата за измама и прекршување на договорот, поради преминот од непрофитна во профитна структура и партнерството со Мајкрософт.