Јапонија ќе користи генеративна вештачка интелигенција (ВИ) за да ги учи децата за настава на јапонски јазик и други наставни програми.
Овој потег доаѓа во услови на недостиг на наставници кои можат говорат истовремено странски јазици, а имаат ученици кои се со странско потекло.
Се очекува да бидат подготвени упатства за употреба на вештачката интелигенција за усвојување на ефективни методи на настава за други предмети, покрај наставата по јапонски јазик.
Министерството за образование планира да создаде систем што комбинира генеративни апликации за превод со вештачка интелигенција со онлајн настава за да ги едуцира сите ученици без оглед на нивното потекло.
Според извештаите, министерството планира да ги вклучи поврзаните трошоци за планот во своето буџетско барање за фискалната 2026 година, кое започнува следниот април, за да ги финализира упатствата во текот на годината.
До мај 2023 година, во јавниот училишен систем биле запишани околу 69.000 ученици на кои им била потребна настава по јапонски јазик, што е најголем број од 1991 година.
Сепак, приближно 10% од нив моментално не добиваат поддршка по јапонски јазик на час или по училиште.