СВЕТ
2 мин читање
Меѓународен ден на мачките: Миленици кои ни го разубавуваат секојдневјето
Со својата независна природа, грациозни движења и способност за поврзување со луѓето, мачките уживаат посебно место во домовите на милиони семејства низ светот.
Меѓународен ден на мачките: Миленици кои ни го разубавуваат секојдневјето
Меѓународен ден на мачките: Миленици кои ни го разубавуваат секојдневјето / AA
8 август 2025

Мачките, едни од најраспостранетите и најсакани домашни миленици низ светот, денеска го одбележуваат својот Mеѓународен ден - 8 Август, ден посветен на нивната заштита, грижа и значење во животот на луѓето.

Овој ден првпат бил воспоставен во 2002 година од страна на Меѓународниот фонд за заштита на животните (IFAW) и има за цел да ја подигне свеста за благосостојбата на мачките и нивното хумано третирање.

Со својата независна природа, грациозни движења и способност за поврзување со луѓето, мачките уживаат посебно место во домовите на милиони семејства низ светот.

Според некои проценки, во светот живеат над 600 милиони домашни и улични мачки, а нивната популарност постојано расте.

Мачките се познати по својот изострен слух и вид, како и по исклучителната рамнотежа.

Тие можат да ги движат ушите одделно, благодарение на повеќе од 30 мускули, и се способни да ги ротираат за 180 степени.

Повеќето мачки спијат во просек од 12 до 16 часа дневно – навика која еволутивно се поврзува со зачувување на енергијата за лов.

Иако често се сметаат за резервирани, истражувањата покажуваат дека мачките развиваат силна емоционална поврзаност со луѓето и можат да препознаат различни човечки емоции, реагирајќи со утеха, внимание или игривост.

Карактеристично е тоа што „мјаукањето“ е форма на комуникација што возрасните мачки претежно ја користат кон луѓето, додека меѓу себе се служат со други вокални и телесни сигнали.

Меѓународниот ден на мачките се одбележува со различни активности во многу земји, меѓу кои Туркије и Иран.

Во турската престолнина Анкара, овој ден е одбележан со фотографии од автохтоната раса ангорска мачка, при што посебно внимание се посветува на заштитата на оваа мачка, која е препознатлива по долгото, сјајно влакно и различните бои на очите.

Во Техеран, пак, овој ден е одбележан со фотографии од улични мачки како дел од пошироките иницијативи за подигање на свеста за нивната заштита.


ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us