РЕГИОН
2 мин читање
Нов закон за работниците во Словенија: Слободен петок, продолжен викенд или шестчасовен работен ден
Од почетокот на следната година, словенечките работници ќе имаат можност да избираат помеѓу слободен петок, продолжен викенд или скратен, шестчасовен работен ден
Нов закон за работниците во Словенија: Слободен петок, продолжен викенд или шестчасовен работен ден
Нов закон за работниците во Словенија: Слободен петок, продолжен викенд или шестчасовен работен ден / AA
пред 15 часа

Од 1 јануари 2026 година, Словенија ќе воведе пократка работна недела, а оваа придобивка ќе им биде достапна на лицата над 58 години или на лицата со најмалку 35 години работно искуство.

Од почетокот на следната година, словенечките работници ќе имаат можност да избираат помеѓу слободен петок, продолжен викенд или скратен, шестчасовен работен ден.

„Слободен петок, продолжен викенд или шестчасовен работен ден. Работниците над 58 години или оние со најмалку 35 години работно искуство ќе можат да се договорат со своите работодавачи за таква работна недела“, објави државниот секретар на Министерството за труд, Дан Јуван, на социјалните мрежи.

Станува збор за модел што Министерството за труд го нарекува „80-90-100“, што значи дека вработените ќе работат 80 проценти од стандардното работно време, ќе добиваат 90 проценти од платата, додека придонесите ќе се плаќаат во целосен, 100 процентен износ.

Оваа можност ќе им биде достапна на работниците од 1 јануари следната година, а законот што го овозможува тоа веќе е усвоен, објавува Svet24.

Иницијативата е дизајнирана со цел подобрување на условите за работа и продуктивноста, особено за постарите вработени, односно за оние со подолго работно искуство.

Новиот закон, кој беше одобрен од парламентот, ќе стапи на сила на почетокот на 2026 година.

Словенија со тоа се приклучува на голем број европски земји кои експериментираат со пофлексибилно и пократко работно време, како што се Шведска, Финска, Исланд и Холандија.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us