ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Израел го бомбардираше градот Газа, 123 Палестинци убиени во последните 24 часа
Палчестинците нема да бидат протерани, ќе им биде дозволено да заминат, а сите оние кои се загрижени за Палестинците и велат дека сакаат да им помогнат треба да им ги отворат своите врати и да престанат да ни држат предавања, рече Нетанјаху
Израел го бомбардираше градот Газа, 123 Палестинци убиени во последните 24 часа
Израелската војска во среда објави дека „одобрила“ план за освојување на градот Газа / AP
13 август 2025

Израелската армија го бомбардираше градот Газа во среда пред планираното преземање на областа, а според Министерството за здравство на Газа, 123 лица се убиени во последните 24 часа.

Израелската војска во среда објави дека „одобрила“ план за освојување на градот Газа, најголемиот град на палестинската територија, како дел од новата фаза од офанзивата насочена кон поразување на Хамас и ослободување на заложниците.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори идејата, која ја изрази и американскиот претседател Доналд Трамп, дека Палестинците треба да ја напуштат областа.

„Тие нема да бидат протерани, ќе им биде дозволено да заминат. Сите оние кои се загрижени за Палестинците и велат дека сакаат да им помогнат треба да им ги отворат своите врати и да престанат да ни држат предавања“, рече Нетанјаху.

Бројот на жртви во последните 24 часа е најлош за една недела, зголемувајќи го веќе огромниот број жртви од речиси двегодишната војна.

Планираното израелско преземање на градот Газа, кој војската на државата веќе го зазеде во раните денови од војната, веројатно ќе се случи во рок од неколку недели, велат официјални лица.

Тоа значи дека прекинот на огнот е сè уште можен иако разговорите не успеаја и конфликтот останува жесток.

Израелските авиони и тенкови силно бомбардираат источните области на градот Газа, велат жителите, при што десетици домови се уништени во населбите Зејтун и Шеџаја преку ноќ. Болницата Ал-Ахли соопшти дека 12 лица се убиени во воздушен напад врз куќа во Зејтун.

Тенковите, исто така, уништиле неколку домови во источниот дел на Кан Јунис во јужна Газа, додека во централна Газа, израелскиот оган уби девет хуманитарни работници во два одделни инциденти, соопштија палестински лекари.

Израелската војска немаше коментар за инцидентот.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us