ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
ОН: Вестите за починати од глад во Газа станаа секојдневие
Споделувајќи ги податоците објавени од Министерството за здравство на Газа, Дужарик информираше дека 8 лица, од кои 3 деца, починале во палестинската енклава во последните 24 часа „поради неисхранетост и глад“
ОН: Вестите за починати од глад во Газа станаа секојдневие
ОН: Станаа вообичаена појава вестите за умирање од глад во Газа / AA
пред 10 часа

Стефан Дужарик, портпаролот на генералниот секретар на ОН, изјави дека смртните случаи од неисхранетост станале вообичаена појава во Појасот Газа, кој е под израелска окупација и блокада, известува Анадолу.

Дужарик одговараше на прашањата на новинарите за случувањата на Блискиот Исток на дневната прес-конференција што ја одржа во седиштето на ОН во Њујорк.

Споделувајќи ги податоците објавени од Министерството за здравство на Газа, Дужарик информираше дека 8 лица, од кои 3 деца, починале во палестинската енклава во последните 24 часа „поради неисхранетост и глад“.

„Ваквите вести станаа вообичаени, што ја одразува продлабочената хуманитарна криза и итната потреба од континуирана помош“, истакна тој.

Портпаролот на генералниот секретар изјави дека до денес, повеќе од 340 деца се донесени во центрите во Газа за третман од неисхранетост. Тој рече и дека од 5 август досега, од глад починале 49 деца, од кои 39 биле под 5-годишна возраст.

Дужарик истакна дека Палестинците во јужна Газа продолжуваат да се соочуваат со проблемот на лоши санитарни услови и недостаток на чиста вода, како и дека водоводот што го обезбеди Израел „е оштетен веќе околу една недела“.

„Сакаме да ве потсетиме дека со помошта и залихи што може да се донесат во Газа не се задоволени минималните потреби на гладните. Прекинот на огнот и континуираниот и зголемен проток на помош се од клучно значење за да може помошта се стигне до сите на кои им е потребна“.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us