Научниците од Институтот за земјоделска геномика во Шенџен, Кина, открија дека компирот еволуирал од растение поврзано со доматот.
Пред речиси девет милиони години, дивиот домат во Андите се вкрстил со растението ЕТуберосум, и преку хибридизација, биле создадени првите растенија што ќе станат компири, пишува Гардијан.
Компирот наследил гени од „двата родители“, што му овозможило да развие скробни кртоли, што го направило хранлив и отпорен на зима или суша, рече професорот Санвен Хуанг.
Научниците го анализирале геномот на компирот и откриле дека два гена - едниот од доматот, а другиот од Eтуберосум - заедно го активираат процесот што ги трансформира подземните стебла во кртоли, однсоно корени.
Ова откритие дава увид во тоа како хибридизацијата може да создаде сосема нови органи, па дури и нови видови растенија, според научниците.
Иако компирите еволуирале од тој хибрид, денес се одгледуваат во многу делови од светот, додека бројни сорти компири се развиени во Андите.
Компирот долго време бил непознат во Европа, и дури откако Шпанците го донеле во 16 век, тој станал важна храна поради неговата хранлива вредност и способноста да расте во лоши услови.
Истражувачите сега се обидуваат да создадат нови сорти компири, па дури и да одгледуваат клубени во доматите користејќи ги овие гени, иако сето ова е сè уште во експериментална фаза.