ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Сар се закани дека Израел нема да дозволи да се спроведе решението со две држави
Ако големите земји, како Франција и Канада, сакаат да основаат палестинска држава на своја територија, можат; тие имаат многу простор за тоа, израелскиот шеф на дипломатијата, кој тврди дека окупираните палестински територии му припаѓаат на Израел
Сар се закани дека Израел нема да дозволи да се спроведе решението со две држави
Палестинска држава во срцето на израелската територија навистина би било решение, но за оние што сакаат да нè уништат, изјави Сар / Reuters
пред 21 часа

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар се закани дека нема да дозволат да се спроведе „решението со две држави“ по низата признавања на Палестина од европските и западните држави.

За американските медиуми израелскиот шеф на дипломатијата Сар изјави дека земјите што одлучиле да ја признаат Палестина „доколку сакаат може да основаат палестинска држава на своја територија“.

„Ако големите земји, како Франција и Канада, сакаат да основаат палестинска држава на своја територија, можат; тие имаат многу простор за тоа“ рече Сар, кој тврди дека окупираните палестински територии „му припаѓаат на Израел“.

„Палестинска држава во срцето на израелската територија навистина би било решение, но тоа би било решение за оние што сакаат да нè уништат“, изјави Сар.

Тврдејќи дека независна палестинска држава во границите од 1967 година со Источен Ерусалим како главен град, кој го држат под окупација, сериозно би ги загрозила густо населените градови на Израел и би ја турнала неговата земја назад, кон неодбранливи граници, Сар истакна: „Таквиот потег би бил самоубиство.“

Како одговор на чекорите преземени од некои земји за признавање на државата Палестина, израелскиот Парламент донесе „одлука што се спротивставува на едностраното признавање на државата Палестина“.

Меѓународниот притисок врз Владата се зголемува во Тел Авив со достигнувањето на врвот на хуманитарната катастрофа во регионот поради нападите на Израел врз Појасот Газа и блокадата што ја наметна.

Земјите ја користат одлуката за признавање на независната држава Палестина како алатка за меѓународен притисок врз Израел и бараат прекин на неговите напади врз Појасот Газа и ставање крај на хуманитарната катастрофа што ја предизвика.

Обединетото Кралство, Франција, Канада и Малта, исто така, соопштија дека ќе ја објават својата одлука за признавање на Палестина како „независна држава“ на Генералното собрание на ОН во септември.

Државата Палестина, под израелска окупација, е признаена од 147 од 193 земји членки на Обединетите нации (ОН) од прогласувањето на нејзината независност на 15 ноември 1988 година.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us