Јутјуб во вторник објави дека во САД во наредните недели ќе започне со воведување на систем за проценка на возраста базиран на машинско учење, со цел да обезбеди поприлагодена заштита за тинејџерските корисници.
Новата технологија на вештачка интелигенција (ВИ) ќе го проценува однесувањето на корисниците, вклучувајќи ги категориите на видеа, шемите на пребарување и долговечноста на сметката, за да утврди дали корисникот е под 18 години, без оглед на датумот на раѓање наведен на сметката, според блог пост на компанијата.
„Кога системот ќе идентификува тинејџерски корисник, ние автоматски ќе ги примениме нашите искуства и заштитни мерки соодветни на возраста“, соопшти ЈуТјуб, наведувајќи функции како што се оневозможување на персонализирани реклами, активирање на алатки за дигитална благосостојба и заштитни мерки против повторувачки препораки за содржина.
Доколку корисниците се погрешно класифицирани како малолетници, тие ќе можат да ја докажат својата возраст преку официјална документација или кредитна картичка.
Новиот систем, кој се гради врз основа на претходните иницијативи на ЈуТјуб како ЈуТјуб Кидс и надгледувани сметки, веќе се користи на други, неопределени пазари.
Компанијата изјави дека внимателно ќе го следи воведување на технологијата во САД пред да го прошири понатаму.
„Горди сме што повторно сме на чело на воведувањето технологија што ни овозможува да обезбедиме безбедносна заштита, а воедно да ја зачуваме приватноста на тинејџерите“, соопшти ЈуТјуб.
Само корисниците за кои се претпоставува или е потврдено дека се над 18 години ќе имаат пристап до содржина со ограничување според возраста, која се смета за несоодветна за помладата публика.