КУЛТУРА
2 мин читање
Египет претстави ретки артефакти пронајдени во Медитеранот на изложба во Александрија
Во Националниот музеј на Александрија, министерот за туризам Шериф Фати и гувернерот на Александрија, Ахмед Халед, ја отворија археолошката изложба „Тајните на потонатиот град“
Египет претстави ретки артефакти пронајдени во Медитеранот на изложба во Александрија
Египет претстави ретки артефакти пронајдени во Медитеранот на изложба во Александрија / AA
21 август 2025

Египетското Министерство за туризам и антиквитети синоќа претстави артефакти откриени во длабочините на Средоземното Море, меѓу кои ретки статуи, грнчарски предмети и накит што ги одразуваат цивилизациите што цветале на тие простори пред илјадници години, јавува Анадолу.

Во Националниот музеј на Александрија, министерот за туризам Шериф Фати и гувернерот на Александрија, Ахмед Халед, ја отворија археолошката изложба „Тајните на потонатиот град“ во присуство на претставници на египетски и меѓународни медиуми, меѓу кои и Анадолу.

На прес-конференцијата на маргините на изложбата, Мухамед Исмаил Халед, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети, рече дека ова е првпат привремена изложба да биде посветена на подводни антиквитети, а ќе биде поставена шест месеци.

Гувернерот Халед истакна дека изложбата содржи 86 ретки артефакти од неколку локалитети низ губернијата.

Изложбата претставува колекција на артефакти пронајдени во заливот Абу Кир во Северен Египет во 2000 година од страна на Европскиот институт за подводна археологија, заедно со парчиња пронајдени од потопените „Кралски четврти“ под водите на античкото источно пристаниште на Александрија.

Изложбата претставува куриран избор на предмети пронајдени во длабочините на Средоземното Море, како ретки статуи, грнчарски предмети и накит, кои ги одразуваат цивилизациите што цветале пред илјадници години во сега потонатите медитерански градови.

Според локалните медиуми, Египет денес ќе претстави голем број дополнителни потопени артефакти од Средоземното Море во пристаништето Абу Кир на северот од земјата.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us