Откријте ја тајната на гласовите на главните херои во детските анимирани серии
КУЛТУРА
4 мин читање
Откријте ја тајната на гласовите на главните херои во детските анимирани серииАктерката Слаѓана Вујошевиќ стана препознатлива по детската серија “Светот на Биби”. Со неа разговаравме за магијата која ја носи спојувањето на гласот со анимацијата. Како и за нејзината кариера и Турскиот театар во Скопје
Slagjana Vujosevic / TRT Balkan MK
пред 21 часа

Да се прилагоди гласот според хероите во анимирани детски серии е вистинска умешност. Најтешко е да им се допаднете на децата кои се најискрените критичари. 

 Тоа најдобро го знае актерката Слаѓана Вујошевиќ. Таа стана препознатлива по детската серија „Светот на Биби”. Нејзиниот глас се крие зад еден од главните ликови. Најмладата публика која всушност и ја даде довербата за оваа улога.

 “Тимов којшто стои зад Светот на Биби се млади родители и нивните деца всушност биле првата жири комисија на којашто и биле пуштени повеќе гласови кои им се допаднале на возрасните, но морале да поминат низ овој филтер од деца. Мене ова кога ми го споменаа, тоа ми беше најубавиот комплимент кој сум го добила како ументник”, вели Вујошевиќ.

 Магијата настанува кога ќе се спои гласот и анимираниот дел.

 “Нас ни пристигнува сценарио коешто го читаме со останатите актери во студиото. Потоа врз основа на тие гласови или пак паралелно се создава анимацијата. Но ние немаме можност да ја видиме анимацијата додека сме во студио. Понатаму аниматорите ја завршуваат анимацијата па доколку треба нешто да се надополни ние гласовно го надополнуваме. Тоа е на некој начин како еден пинг – понг меч. Креативна игра”, вели актерката.

 Соживувањето со улогата е клучно за да се совпаднат гласот и насликаниот лик. Освен зад Биби, гласот на Слаѓана натсинхронизира и други ликови од серијата. 

 “Сите ние си го имаме детето во себе само е многу важно одвреме навреме да го будиме. Овој пат мене ми се случи проект којшто ми овозможи да го разбудам детето во себе”, објаснува Вујошевиќ.

 Важно е да не им се урне илузијата на децата дознавајќи дека зад ликовите од серијата се кријат вистински луѓе. 

 Дури и родителите кога ќе го споменат тоа јас велам јас сум и другарка на Биби знам да зборувам како неа и слично. Се да остане во нивните главчиња Биби да остане тоа мало палаво девојче”, вели Вујошевиќ.

 Неколку пати се нашла во непредвидена ситуација во која токму најмладата публика била нејзиниот партнер на сцена.

 “ Се случи технички проблем се расипа микрофонот. И бидејќи беше први април велам: Ова е сигурно масло на Боби. Тој ми го има расипано микрофонот за да ми направи првоаприлска шега. И детенцево се врти и на цела публика им вика: Дечки ова е масло на Боби! Тој го прави ова! Сака да и направи првоаприлска шега на Биби. И буквално сите деца разбраа”, ја раскажува Вујошевиќ ситуацијата.

Слаѓана во минатото натсинхронизирала ликови кои биле дел од анимирани филмови во производство и на странски продукции.

 Нашата задача е буквално да го имитираме актерот којшто веќе ја создал улогата. Всушност да ја доловиме неговата динамика на говорење, неговиот тон на гласот. Буквално треба да се прилагоди само македонскиот јазик на странскиот јазик, должината на реченицата и да се погоди липсингот тоа се вели, буквално отварањето на устата на ликот”, објаснува актерката.

 Кариера, Турски театар, награди

 Слаѓана е дел од ансамблот на Турскиот театар во Скопје каде со успех настапува и освојува награди. Свесна е дека препознатливоста по една улога како Биби може да биде и предност и маана за еден актер во смисол дека треба да се докажува дека е доволно добар и за други улоги. Вели дека имала среќа неа временски да и се поклопат повеќе успешни проекти.

“Во тој период ми беа актуелни турските серии. Се случи и филмот на Гоце Цветановски “Бизнисот на задоволството”, спотот на Faith no more. Така што различна публика ме препознава по различни проекти. Меѓутоа мене ми е многу драго што ја врзуваат Биби за мене. Тоа е нешто што со гордост го носам и се надевам дека ќе живее уште долго овој проект па дури и да остане што сум најпозната по тоа мене ми е многу драго”, вели Вујошевиќ.

 Институција Турски театар од која таа е дел постои 75 години. Тоа е единствен театар во Европа надвор од Туркије кој создава претстави на турски јазик. Актерката апелира дека на Турскиот театар му е потребен простор за да не користи објекти на други театри. Турскиот театар би требало наскоро да се смести во новата зграда која е готова. Но сепак тоа не е пречка овој театар да создава и да освојува награди.

На последното издание на фестивалот Војдан Чернодрински Турскиот театар за претставата Слепци на Кендрим Ријани освои четири награди. Слаѓана Вујошевиќ доби награда за млада актерка. Претставата говори за отфрлање на стереотипите за малцинските групи.

 Во нејзината кариера Слаѓана Вујошевиќ беше дел и од неколку турски серии кои потоа беа натсинхронизирани и се прикажуваа пред македонската публика.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us